Затскриен во сенките на познатите имиња на Arai и Shoei, Nolan X-lite потајно ги заштитува главите на шампионите во 250GP и MotoGP. X-lite веќе подолго време произведува висококвалитетни и иновативни кациги, а првиот модел кој го привлече нашето внимание беше X-lite X901.

Продажбата на моделот X901 оди слабо но не затоа што се работи за лоша кацига туку заради чудниот изглед кој и го дава иновативниот аеродинамичен дизајн. Сепак луѓето се навикнати да го купуваат само познатото, па Nolan не успеа да забележи позначителен успех со овој модел.

Со X-lite X801RR добивме компактна, лесна и стабилна кацига, за која можеме слободно да кажеме дека е тркачки настроена. Самата кацига ги содржи сите сертификати кои се очекуваат од кацига која припаѓа на овој сегмент од пазарот.

Nolan X-lite X801RR


Nolan го нарекува материјалот од кој е изработена внатрешноста на кацигата “unitherm”, и за разлика од останатите конкуренти, внатрешноста е мазна, не предизвикува триење на кожата и е навистина удобна за носење. Внатрешноста комплетно може да се отстрани и да се мие одделно од надворешноста. Кога сме кај надворешноста да споменеме дека доаѓа во три различни големини, во зависност од бројот на кацигата кој ќе го одберете. Одлично доколку купувате S или М кацига, а притоа нормално не сакате да изгледате како вонземјанин. Лушпата (обвивката) на кацигата е изработена од композит на кевлар, карбон и стакло, додека пак графиката на самата кацига рачно ја завршуваат вработените во фабриката на Nolan во Италија.

Nolan X-lite X801RR И покрај тоа што кацигата е иницијално замислена како тркачка кацига, нема да имате проблем со секојдневна употреба. Постојаното кревање и спуштање на визирот како и системот за вентилација функционираше беспрекорно додека ја тестиравме.

Тестот на голема брзина покажа дека во Нолан ја научиле лекцијата со моделот X901 па 801 нема да проба да ви ја откорне главата од рамена. На голема брзина кацигата е стабилна, но помалку бучна. Погледот одвнатре е одличен, а системот против замаглување го чува визирот чист дури и кога не возите, а дишите нормално во кацигата.

Механизмот овозможува брзо и едноставно менување на визирот Визирот има две опции за затворање: со првата го заклучувате, а со втората оставате мал процеп кој ќе помогне во доводот на свеж воздух. Начинот на кој ќе го затворите визирот лесно се менува дури и со дебели зимски ракавици. Промената пак на визирот е едноставна и лесна, не ви е потребен никаков додатен алат, а механизмот остава впечаток дека станува збор за тежок и комплициран систем.

Доколку најбитни ви се стабилноста на кацигата и цврстината на самата обвивка, а притоа не барате бесшумност, Nolan X-lite X801RR e вистинската кацига за вас.
Спецификации:
    * Nolan N61 е изработена од висококвалитетна GE Lexan® обвивка и патентиран Hi-Brite заштитен слој.
    * Еден отвор за вентилација на предната страна и два отвори над визирот.
    * Нема деформации на леќата (визирот), tool-less quick-change Lexan® face shield that is UVA and UVB protected.
    * Антибактериска внатрешност.
    * Подготвена за вметнување на заштитник од ветар и замаглување.
    * Двоен D-Ring систем за затегнување.
    * DOT сертифицирана

Кацигата беше позајмена на тестирање од MKD-StreetFighterz, каде може да се купи по цена од 400 евра.

Tомислав Трајковски
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Back To Top