Занимливости

Марфиеви закони за моторџии

Ако нешто може да тргне наопаку, сигурно ќе тргне. Ова е само еден од многуте Марфиеви закони, во чија листа има и десетина кои се однесуваат на моторџиите.

Следете нè на:

 

marfievi zakoniЛиста на моторџиски Марфиеви закони

Ако нешто може да тргне наопаку, сигурно ќе тргне. Ова е само еден од многуте Марфиеви закони, во чија листа има и десетина кои се однесуваат на моторџиите.

Во продолжение составивме листа на Марфиеви закони за кои секој се надева дека нема да му се случат, но некако сите знаеме дека кога тогаш Марфиевите закони ќе не најдат.

  1. Шансата да ви падне кацигата на бетонот е директно поврзана со тоа колку е нова и колку пари сте издвоиле за неа.

  2. Факт е дека ниеден мотор не паѓа без публика. Шансите дека ќе паднете со моторот се пропорционални со бројот на гледачи во вашето его. Ако моторот е нов и скап, шансите се зголемуваат.

  3. Кога ќе снемате бензин надвор од градот без разлика во кој правец возите бензиската станица секојпат е на угорница и во спротивен правец.

  4. Почнува да врне, а вие застанувате под првиот мост. Чекате извесно време да помине дождот и се сушите во меѓувреме. Со првото сонце го палите моторот и продолжувате, а по само 5км дождот е повторно над вас.

  5. Кога е облачно, а вие сте на мотор заврнува секојпат кога нема да го земете оделото за дожд.

  6. Секој мотор најтешко пали кога пред него стои потенцијален купец, иако само 5 минути претходно запалил како од шала.

  7. Акумулаторот на секој мотор цркнува заедно со уште некое делче. Следните две недели ги поминувате во размислување како овие две работи се поврзани. Не се.

  8. Фактот дека клучот од моторот ви е во џебот станува очигледен во моментот кога ќе ги ставите ракавиците на рацете.

  9. Гумата ќе ви си дупне само тогаш кога ќе го оставите комплетот за поправка во гаражата.

  10. Делот кој ти треба за моторот никогаш го нема на лагер. Периодот на чекање зависи од тоа колку ти треба, доколку е нешто итно ќе му требаат 2-3 недели да пристигне.

  11. Возењето низ град со цела опрема во лето значи и фаќање на секој семафор на црвено.

  12. Твоето прво успешно возење на едно тркало ќе се случи кога некој полицаец ќе стои од страна.

  13. Најлошиот ден во возење сепак е подобар од најдобриот ден на работа.

  14. Универзалниот кит за поправка е именуван така бидејќи со него не можеш да поправиш ниеден мотор во универзумот.

  15. Моторот никогаш нема да запали додека прекинувачот е на „Off“. Го забораваш само кога луѓе гледаат во тебе.

Доколку ви се случило нешто од погоре наведеното, слатко се смеете на случката, останатите, внимавајте, вие сте на ред :)

 

comments

Би можело да ве интересира

Луѓето од „Jennings“ повторно имаат нешто интересно за нас. Овој пат се мото компании кои произведуваат автомобили.

Италијанецот призна дека не очекува да биде компетитивен на првата трка која ќе се оддржи на патеката во Катар следниот месец. Во текот на минатата сезона, тој постојано имаше проблем со забрзувањето.

Неколку зборови зошто аеродинамиката е важна и зошто тимовите посветуваат толку внимание на неа.

Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Марк Маркез и Дани Педроса тајно тестираа нова карбонска задна вилушка на нивната RC213V машина на пред сезонските тестови.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!