WSBK

WSBK: Суперпол позиција за Џонатан Реа

Новото засилување за тимот на Кавасаки, популарниот Џонатан Реа се избори за суперпол позиција на првата трка од Супербајк шампионатот кој изутрина се вози на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Следете нè на:

 

 y2b6566 fullЏонатан Реа дојде до првата суперпол позиција во сезоната

Новото засилување за тимот на Кавасаки, популарниот Џонатан Реа се избори за суперпол позиција на првата трка од Супербајк шампионатот кој изутрина се вози на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Суперпол 1 сесијата беше прекината со црвено знаме по само 9 минути заради ладната темпрература на патеката, по паузата сесијата продолжи, а во неа забележителен беше настапот на Трој Бејлис. Трој на крајот се квалификуваше на 14-та позиција, имајќи во предвид дека доживеа пад на 4-та тренинг сесија, како и тоа дека нема настапено на трка од 2008 година, ова е одличен резултат за него.

Суперпол 2 сесијата беше исполнета со акција, неколку возачи се искачуваа на провизорната пол позиција пред Џоната Реа (Кавасаки) да дојде до неа, пред Чаз Дејвис (Дукати) и Леон Хаслам (Априлија). Од вториот ред на утрешната трка која е со траење од 22 круга ќе стартуваат Микаел ван дер Марк (Хонда), Алекс Ловс (Сузуки) и новајлијата во Супербајк, Нико Терол.

Првата рунда започнува во недела во 2 часот по полноќ со првата трка, во 03.15 на програмата е Суперспорт трката, а втората трка од Супербајк класата започнува во 5 часот изутрина. Пренос во живо од сите трки ќе има на ЕуроСпорт каналот.

1   Jonathan Rea 1m31.212 GBR KAWASAKI Kawasaki Racing Team
2   Chaz Davies 1m31.238 GBR DUCATI Aruba.it Racing-Ducati Superbike Team
3   Leon Haslam 1m31.507 GBR APRILIA Aprilia Racing Team - Red Devils
4   Michael van der Mark 1m31.613 NED HONDA Pata Honda World Superbike Team
5   Alex Lowes 1m32.042 GBR SUZUKI Voltcom Crescent Suzuki
6   Nicolas Terol 1m32.081 ESP DUCATI Althea Racing
7   Jordi Torres 1m32.243 ESP APRILIA Aprilia Racing Team - Red Devils
8   Tom Sykes 1m32.265 GBR KAWASAKI Kawasaki Racing Team
9   Sylvain Guintoli 1m32.446 FRA HONDA Pata Honda World Superbike Team
10   Matteo Baiocco 1m32.841 ITA DUCATI Althea Racing

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!