WSBK

WSBK: Победи за Реа и Хаслам во првата рунда

Трките од првата рунда во Супербајк шампионатот донесоа многу возбудувања, на првата трка победа забележа Џонатан Реа на Кавасаки, втор беше Леон Хаслам (Априлија), а Чаз Дејвис (Дукати) беше трет. Втората трка му припадна на Леон Хаслам, кој успеа да победи пред Џонатан Реа, а трет повторно беше Чаз Дејвис.

Следете нè на:

 

race1 33c1038 fullВозбудувањата во Супербајк шампионатот започнаа

Трките од првата рунда во Супербајк шампионатот донесоа многу возбудувања, на првата трка победа забележа Џонатан Реа на Кавасаки, втор беше Леон Хаслам (Априлија), а Чаз Дејвис (Дукати) беше трет. Втората трка му припадна на Леон Хаслам, кој успеа да победи пред Џонатан Реа, а трет повторно беше Чаз Дејвис.

За Џонатан Реа ова не можеше да биде подобар викенд, новиот човек на Кавасаки забележа победа на првата трка и второ место на втората трка во која само 0.010 секунди го делеа од првата позиција.

 33c8211 fullЏонатан Реа со фантастично деби за Кавасаки, една победа и едно второ место

Леон Хаслам не само што ја забележа победата на втората трка за себе, туку тоа беше и одличен успех за тимот на Априлија за кого Хаслам ја донесе 50-та победа. За Хаслам ова е одличен успех имајќи во предвид дека неговата последна победа беше на патеката Кјалами во 2010 година.

00859 p1 01 wsbk fullФантастична рунда за Хасла, на Априлија им ја донесе 50-та победа, а за себе првата по 2010 година

Забележително возење имаше шампионот од Суперспорт Михаел ван дер Марк кој сега вози за тимот на Хонда, тој во првата трка го помина Том Сајкс за четвртата позиција на самиот старт, за жал потоа излета од патеката но успеа да се врати на 10-та позиција, за на крајот да финишира како 5-ти. Во втората трка тој изби на чело на колоната, возеше солидна трка се до 19-от круг кога како четвртопласиран излета од патеката.

Трој Бејлис немаше среќа во втората трка, иако успеа да се искачи до седмата позиција, трикратниот светски првак мораше да влезе во боксот за промена на предната гума, што на крајот му ја донесе само 16-та позиција. 

Алекс Ловс на Сузуки од кого се очекуваше многу немаше среќа, во првата трка возеше просечна трка и на крајот заврши како деветти, додека пак во втората заради проблеми со моторот се повлече во боксот во вториот круг.

Том Сајкс првата трка ја заврши на шестата позиција, а втората на четвртата што во генералниот пласман му ја донесе четвртата позиција со заостанување од 22 бода зад водечките.

00181 p1 01 fullСајкс не се покажа во вистинско светло на почетната трка

По првата рунда во генералниот пласман Леон Хаслам е водечки со 45 бода, исто толку има и Џонатан Реа, трет е Чаз Дејвис со 32, четврти е Сајкс со 23 бода, а петти е Силван Гинтоли со 20.

Следната трка се вози на 22 март во Тајланд, на патеката Чанг Таи.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Хорхе Лоренцо (Ducati) постигна победа на трката која овој викенд се возеше на патеката во Каталонија.

Откако го претставија дуал-концептот за време на мото шоуто во Милано во 2017 година, Moto Guzzi воопшто не трошеа време и го претворија овој концепт во реалност.

Макпетрол оваа недела овозможува попуст од 20% на новата опрема од италијанскиот производител A-Pro во слонот на Хонда во Скопје.

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Замислете си го времето кога мотоциклите ќе научат како ние функционираме и ќе се прилагодат на нашето однесување. Тоа го имаме денес.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!