28
Вто, Фев
WSBK

WSBK: Шампионатот започнува овој викенд

По долгата зимска пауза возбудувањата во Супербајк шампионатот се враќаат на програмата со првата рунда која во недела се вози на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Следете нè на:

 

wsbk istanbul 2013 22Супербајк шампионатот започнува со првата рунда во Австралија

По долгата зимска пауза возбудувањата во Супербајк шампионатот се враќаат на програмата со првата рунда која во недела се вози на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Дека не очекува возбудлива сезона покажа и денешнот прво излегување на возачите на патеката, на првиот тренинг Алекс Ловс на Сузуки забележа нов рекорд на патеката со време од 1.30.855. Времињата на првите 9 возачи се во разлика од 1 секунда што дополнително укажува на фактот дека не очекува неизвесен шампионат.

Супербајк за сезонава имплементираше и нови правила со кои се ограничува моќта на моторите, со самото тоа ги прави поблиски до сериските, но истовремено и ја намалува предноста која мотоциклите ја имаа во однос на можностите на возачите. Ќе следиме шампионат во кој возачите ќе мораат да го извлечат максимумот од своите машини, тимовите ќе треба разумно да ги искористат 6-те мотори колку што ќе ги имаат на располагање за целата сезона.

Кај тимовите проследивме и неколку рокади, па така актуелниот Светски шампион од тимот на Априлија премина во Хонда. Кавасаки се засили со возачот на Хонда, Џонатан Реа, додека пак за Сузуки ќе настапуваат Алекс Ловс и Ренди де Пуние. За Априлија ќе го следиме Леон Хаслам и Жорди Торес, додека пак Тони Елиас ќе вози за БМВ.

Првата рунда започнува во недела во 2 часот по полноќ со првата трка, во 03.15 на програмата е Суперспорт трката, а втората трка од Супербајк класата започнува во 5 часот изутрина. Пренос во живо од сите трки ќе има на ЕуроСпорт каналот.

Во Супербајк ќе го видиме повторно и легендарниот Трој Бејлис, како замена за Давиде Џулијано од Дукати кој е повреден, па затоа не ја пропуштајте првата рунда во Австралија.

Листа на возачи за 2015

  • 1

    Sylvain Guintoli

    Honda CBR1000RR SP

  • 2

    Leon Camier

    MV Agusta 1000 F4

  • 7

    Chaz Davies

    Ducati Panigale R

  • 10

    Imre Toth

    BMW S1000 RR

  • 14

    Randy de Puniet

    Suzuki GSX-R1000

  • 15

    Matteo Baiocco

    Ducati Panigale R

  • 18

    Nicolas Terol

    Ducati Panigale R

  • 20

    Sylvain Barrier

    BMW S1000 RR

  • 22

    Alex Lowes

    Suzuki GSX-R1000

  • 23

    Christophe Ponsson

    Kawasaki ZX-10R

  • 24

    Toni Elias

    BMW S1000 RR

  • 34

    Davide Giugliano

    Ducati Panigale R

  • 36

    Leandro Mercado

    Ducati Panigale R

  • 40

    Roman Ramos

    Kawasaki ZX-10R

  • 44

    David Salom

    Kawasaki ZX-10R

  • 51

    Santiago Barragan

    Kawasaki ZX-10R

  • 59

    Niccolò Canepa

    EBR 1190 RX

  • 60

    Michael vd Mark

    Honda CBR1000RR SP

  • 65

    Jonathan Rea

    Kawasaki ZX-10R

  • 66

    Tom Sykes

    Kawasaki ZX-10R

  • 72

    Larry Pegram

    EBR 1190 RX

  • 75

    Gábor Rizmayer

    BMW S1000 RR

  • 81

    Jordi Torres

    Aprilia RSV4 RF

  • 86

    Ayrton Badovini

    BMW S1000 RR

  • 91

    Leon Haslam

    Aprilia RSV4 RF

comments

Би можело да ве интересира

Минатиот пат кога пишувавме за „Rain Pal“ тоа беше само еден проект на кој му требаа финансии. Ако мислевте дека нема да успее и несакавте залудно да си ги потрошите парите сега ќе можете да си купите една ваква кацига бидејќи компанијата започна со сериско производство.

Марк Маркез вели дека повредата која ја претрпе на приватниот тест во Херез не е сериозна. Тој уште еднаш го повреди рамото, нешто што досега неколкупати му се има случено во текот на кариерата.

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!