KTM MotoGP машината покажа очигледен напредок на тестот во Валенсија, патеката на која Австрискиот тим планира да го има својот деби настап.

KTM MotoGP машината покажа очигледен напредок на тестот во Валенсија. На оваа патека, кон крајот на 2016 година тимот на KTM планира да го има својот деби настап.

RC16 претходно се најде на шпанската патека минатиот ноември кога Мика Калио го имаше своето деби.

Оваа недела Финецот повторно беше на патеката заедно со колегата Ренди де Пуние. Првиот настап на RC16 де Пуние го имаше на првиот тест за 2016 година на патеката во Херез.

И покрај променливото време, првиот ден имаше дожд, вториот сонце, а третиот ден беше облачно, Мајк Лајтнер од KTM изјави дека бил постигнат значителен напредок.

AU1403302

„Тимот повторно имаше напредок во делот на електрониката и успеавме подобро да ги разбереме пневматиците. Во однос на перформансите, исто така има голем напредок во однос на тестот што го имавме тука во ноември минатата година.“

Калио потврди дека главните придобивки во овој момент се во однос на електрониката и пневматиците и додаде дека работат напорно за да бидат уште подобри.

„Последниот ден откривме две важни работи. Работевме на предниот дел и на балансот на мотоциклот.  Исто така позитивно е како работи електрониката. Загубивме повеќе од еден ден поради времето но сепак го исполнивме планот. Се повеќе и повеќе се чувствувам удобно на мотоциклот. “

Де Пуние кој претходно му помогна на Suzuki да го подготви GSX-RR за дебито во MotoGP изјави:

„За мене ова беше навистина важен тест. Задоволен сум со мотоциклот и успеавме да пробаме многу нови делови. Сепак поради временските услови јас извозев помалку кругови од Мика. Но со искуството што и двајцата го стекнавме, на следниот тест ќе бидеме уште подобри.“

Следниот MotoGP тест на KTM ќе се оддржи кон крајот на април.

Back To Top