Валентино Роси изјави дека MotoGP ривалот Маркез, го предал минатата година и нивниот однос веќе е непоправлив.

Валентино Роси изјави дека MotoGP ривалот Маркез, го предал минатата година и нивниот однос веќе е непоправлив. Две од најголемите мото ѕвезди минатата сезона неколку пати се судрија, а најголемо внимание предизвика прес конференцијата пред трката во Малезија кога Роси го обвини Маркез дека намерно го блокирал на трката на Филип Ајленд за да му помогне Хорхе Лоренцо.

Роси и Маркез повторно имаа судир и на трката во Сепанг. Како резултат на тоа, италијанецот мораше да стартува од последното место на трката во Валенсија. Деветкратниот шампион не успеа да постигне добар пласман и Хорхе Лоренцо стана светски шампион.

По зимската пауза, тие ќе ја продолжат борбата и на трката во Катар која ќе се оддржи следниот викенд. Роси сепак смета дека тој никогаш повеќе нема да може да биде пријател со шпанецот бидејќи тој го измамил.

rosi markez 16 1

„По она што се случи ние веќе не можеме да бидеме блиски,“ изјави Роси во интервју за еден италијански весник. „Но сепак, ние мораме да бидеме ривали на патеката, се надевам уште неколку години, и мораме да се почитуваме. Тоа е она што е важно.“

„Докторот“ неодамна изјави дека испадот што го имал на патеката во Сепанг бил со намера да ги натера организаторите да интервенираат.

„Си дозволив да бидам измамен од Маркез. Тој навистина ме предаде. Ми кажа дека бил мој фан но тоа било лага. Му верував и бев подготвен да бидам негов ривал, да дадам сто проценти на секоја трка, но тој ме лажеше цело време. Во Асен сфатив дека тој ми е пријател само кога ќе ме победи.“

Во врска со сликата на Прост и Сена која ја објави на Твитер, Роси даде интересен одговор.

„Кога Сена се натпреваруваше, јас не го сакав. Навивав за Најџел Менсел, а кога тој замина за Ферари јас навивав за Прост. Но навистина ми се допадна она што го направи Сена на патеката во Сузука во 1990 година (Сена намерно се удри во Прост на првиот свиок). Го направи она што мораше. Покажа дека има храброст. “

Маркез негира дека се обидел да му помогне на Лоренцо минатата сезона.

Парот повторно ќе се сретне следната среда на прес конференцијата пред трката во Катар. Таму ќе им се придружат и Лоренцо, Дани Педроса, Андреа Јанон и Маверик Вињалес.

Тоа ќе биде прв настан на кој тие двајца ќе седат во иста соба по трката во Сепанг. И трката која ќе се оддржи следиот викенд ќе биде прва по трката во Малезија, на која овие двајца возачи ќе се борат за победа.

Во однос на неговата иднина во MotoGP, Роси уште еднаш потврди дека ќе почека да поминат првите неколку трки и доколку се биде во ред, ќе потпише дво годишен договор со Yamaha.

А бидејќи 2016 M1 веќе се покажа како одличен, Роси е убеден дека ќе продолжи да се натпреварува.

„Ќе почекам да поминат пет или шест трки за да одлучам дали ќе продолжам да се натпреварувам но веќе сум убеден дека и следните две сезони ќе ги поминам со Yamaha. После тоа ќе се повлечам бидејќи веќе почнав да стареам. Но на 39 години би можел да се обидам и во други натпреварувања како Ле Ман или релито Дакар“. “

Back To Top