21
Пет, Јул
MotoGP

MotoGP: Дали Маркез и екипата најдоа решение за Катар?

Возачите на Repsol Honda се мачеа првите два дена од тестовите се додека екипата не направи голема промена на мотоциклот.

Следете нè на:

 

Двократниот MotoGP шампион Марк Маркез, воопшто не беше среќен на првите два дена од последниот предсезонски тест кој се оддржа на патеката Лосаил во Катар. Еднаш падна и се најде на десетото место на табелата. Имаше долги и интензивни разговори во гаражата на Repsol Honda. „Ја напуштив патеката во 3 часот изутрина бидејќи бев загрижен“, изјави Маркез.

Во петокот, екипата одлучи да направи драстична промена на шасијата на 2016 RC213V и Маркез конечно виде светло на крајот на тунелот. Конечно почна да се чувствува удобно на мотоциклот. Се исплатеа и останатите прилагодувања кои беа извршени бидејќи Маркез успеа да го подобри своето време и да заврши на четвртото место на табелата.

Маркез изјави дека целата заслуга припаѓа на неговата екипа. „Ние не сме на прво место, но никогаш не се откажуваме и секогаш се обидуваме да притиснеме уште повеќе. Но сега сакам да му изразам благодарност на мојот тим. Honda ни помогна многу но мојата екипа работеше навистина напорно во текот на ноќта. Постигнаа голем напредок во сетапот и мотоциклот работеше беспрекорно.“

motogp marquez crew find solution qatar test1Маркез не беше најсреќниот возач за време на тестирањето во Катар

Која беше таа промена што ја направи разликата? „Нема да ви кажам, бидејќи ако некој го има истиот проблем, ќе знае како да го поправи и да биде побрз.“

Тимот на Repsol Honda очигледно имаше проблем од моментот кога дојде во Сепанг. „Проблемот беше во тоа што кога пристигнавме во Малезија, ние се мачевме со електрониката. Затоа загубивме три дена. Но се концентриравме само на електрониката, “ изјави Маркез. На конечната табела тој заврши на петото место, а неговиот тимски колега Дани Педроса беше единаесети. На следниот тест во Австралија тој се најде на второто место, веднаш зад изненадувањето Маверик Вињалес, но според Маркез, тоа било аномалија. „Патеката Филип Ајленд е нешто посебно. Повеќе или помалку таму се фнкционираше како што треба.“

Во Катар беше идентификуван вистинскиот проблем. „Ова беше првата стаза на која електрониката функционираше како што треба, каде што бевме брзи, и се концентриравме на сетапот на мотоциклот“, изјави Маркез. Интересно, Маркез мислел дека проблемот бил во пневматиците. „Поради некоја причина, кога возевме со Michelin, никогаш не го менувавме премногу сетапот. Но сега направивме промена и се чини дека е во ред.“

Среќата беше на страната на Маркез кога ја искористи можноста да го нападне Лоренцо, кој возеше во неверојатна форма на тестот.  Маркез веднаш изјави дека овој настап не значи нешто посебно и дека воопшто не му било удобно во возењето. „Кога го следев Лоренцо и кога ја видов можноста, не сакав да ја загубам бидејќи бев долу на табелата. Кога го следев, имав проблеми со забрзувањето. Но чувството што го имав тогаш е комплетно различно од чувството што го имав кога мислев дека мотоциклот работи подобро. Можев да го следам, но сите знаеме дека е лесно да се следи некој. “

„Тоа беше моментот кога се обидов да направам нешто поинаку со мотоциклот и почна да ми расте самодовербата. Потоа повторно го променивме сетапот  и кога повторно возев сам ми станаа јасни некои работи и постигнав поголема брзина бидејќи се чувствував подобро. Подоцна и кога влажноста беше поголема возев добро и затоа сум задоволен, но сепак мораме да се подобриме.“

motogp marquez crew find solution qatar test3Маркез е задоволен од работата на неговиот тим

Исто како и останатите возачи и Маркез го прилагодува својот стил за да одговара на пневматиците на Michelin, особено на предната гума која има многу поразлични карактеристики отколку пневматикот на Bridgestone, особено при запирање. „Се обидов да возам како што возев порано со пневматиците на Bridgestone и паднав. Мораш да се прилагодиш. Мораш да го промениш менталитетот. “

Маркез ниту во Катар не беше имун на проблемот со предниот пневматик на Michelin. Тој беше дел од неколкуте возачи кои возеа со гума со идентификациски број 34. „Сите возат со пневматик 36, а јас не можам да ја користам. Мораме да дознаеме зошто е тоа така.“

Иако има голем напредок, Маркез се уште не е убеден дека се ќе биде подготвено за две недели.  Да, помина добро на последниот ден од тестирањето, но добро знае дека условите може да се променат. „Работата е во тоа што ако ги имаме истите услови би можел да победам. Но секогаш кога се враќаме тука се променува малку сетапот. Мораме да разбереме зошто е тоа така.“

Неговата загриженост не е лимитирана само на Катар. „Секако, имавме добар настап тука, но главното прашање што го имам сега, е дали кога ќе настапуваме во Аргентина или Остин ќе ни треба исто толку време за да го најдеме вистинскиот сетап. Дали имаме добра основа? Ако ни треба истото време и на викендот кога се оддржува трката, тогаш ќе имаме проблем.“

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!