KTM ја напаѓаат класата на авантуристички мотоцикли со голем капацитет, преставувајќи го новиот 1290 Super Adventure R само еден месец откако го преставија моделот S.

Со цена од 18.000 евра, овој Euro5 пријателски мотоцикл има низок центар на гравитација, променета шасија, нов електронски пакет и уште многу други работи. Она што недостасува е радарската контрола на патувањето, опција која е достапна кај верзијата S.

Кај оваа машина, која е само 250 евра поскапa од претходната верзија, и која потсетува на стариот 990 Adventure, една од главните промени е кај шасијата.

Задната вилушка е малку подолга а рачките се поместени за 15 милиметри поназад со цел подобро вртење.

Околу школката која има делумно портолкалова боја се наоѓаат рамката и заштитните шипки. Резервоарот кој собира 23 литри е сместен малку подолу на мотоциклот и е поделен на три дела. Ова значи понизок центар на гравитација и подобра стабилност без разлика на надворешните услови за возење. Додадена е и нова подрамка а висината на седиштето, за кое од компанијата велат дека е посилно, изнесува 88 милиметри.

super adventure r 5

Мотоциклот е опремен со adventure- spec Bridgestone A41 пневматици како и алуминиумски бандажи. Напред има Brembo сопирачки а исто така, напред и позади има прилагодлива WP XPLOR суспензија.

Во срцето на оваа машина се наоѓа променет 1301cc V-twin со двојни радијатори. Слично како и кај моделот R, моќноста останува на приближно 158bhp, но сепак, целата единица е за 1.6 килограми полесна. Меѓу промените се полесна кутија за моторот, нови клипови како и променет издув. Редовен сервис треба да се направи на 15,000 километри.

Од КТМ велат дека направиле промени и кај менувачот со цел тој да биде побрз. Quickshifter е како опција, што е малку разочарувачки со оглед на тоа дека мотоциклот чини повеќе од 18 илјади евра. Промени има и кај воздушната кутија до која сега можете да пристапите само преку одвртување на четри навртки.

Мотоциклот е опремен со 7 инчен TFT екран на кој можете да ги видите сите поважни информации. Исто така, преку него можете да ги контролирате и неколкуте електронски додатоци.

Меѓу новите работи кои ги има кај овој мотоцикл е контролата на тракцијата како и контрола на лизгањето. Има четири стандардни режими на возење како и дополнителна „Rally“ опција.

KTM 1290 Super Adventure R главни карактеристики:

1301cc liquid-cooled V-twin

157.8bhp@9000rpm

101.8lb.ft@6500rpm

880mm

221kg

Back To Top