Најавени се 10 модели кои треба да пристигнат до 2024-та година.

Buell Motorcycles се враќаат во бизнисот со мотоцикли откако Erik Buell Racing го купи името од Harley-Davidson. Веќе има и планови за тоа како ќе функционира фирмата а Американската компанија се надева дека до 2024 година на пазарот ќе се појават 10 модели.

Мотоциклите кои ќе ги имаат на располагање ни изгледаат познато а од компанијата велат дека ќе продолжат од онаму каде што запре EBR.

Од Buell Motorcycles велат дека ќе имаат различни мотоцикли, superbike, streetfighter, adventure-touring и dirt bike како и четири платформи.

Buell Hammerhead EBR1190RX

“Buell is back!” , изјави извршниот директор на компанијата, Бил Мелвин. „Навистина сме возбудени што се враќаме со голем асортиман на супербајк модели.“  

„Ќе започнеме со најбрзиот мотоцикл кој е произведен во Америка и мислам дека тоа е добар старт. Креираме платформи преку кои ќе можеме да создадеме повеќе туринг и авантуристички модели кои планираме потоа да станат глобални брендови. “

Секако, главното прашање кое сега се поставува е како ќе успеат да се пробијат овие мотоцикли на пазарот со оглед на економската состојба која настана поради пандемијата. Исто така, се поставува и прашањето зошто се враќаат модели кои еднаш веќе се покажаа како неуспешни.

Дали третиот обид ќе биде среќен за Buell и EBR? Само времето ќе покаже.

Back To Top