Корисни текстови

Што е Power Commander?

pciiiusb.jpgВеројатно секој од вас слушнал за Power Commander но на прсти се бројат оние кои имаат вакво мало пријателче во нивните мотори. Причината за ова најчесто е неинформираноста, луѓето мислат дека ако ставиле топ со самото тоа што моторот брчи повеќе и оди повеќе.

Следете нè на:

 

Да не го заборавиме и фактот дека  за да набавите еден треба или да го нарачате преку интернет (што е баук за нас) или да ви го донесат од соседните ни земји за дупла сума.

На кратко, се работи за уред кој се поставува помеѓу ECU единицата (процесорот на моторот) и конекторите кои ги пренесуваат неговите функции. ECU-то на моторот му кажува кога и колку да вбризга бензин и каква смеша да прави.

Фабрички секој мотор доаѓа со одредена блокажа (најчесто заради издувните гасови) кои не му дозволуваат на моторот да го покаже целиот свој потенцијал. Во принцип, секој мотор од фабрика излегува како 60% оптимизиран. Со помош на Power Commander-от, тој процент можете да го донесете до 90-95, оние 5-10 што остануваат се добиваат преку останати надградби на моторот, но кога ќе имате мотор 30% подобрен во однос на она што сте го имале, нема ни да помислите на оние 5-10%.

Power Commander-от најчесто се мести на мотор со сменет издув (цел систем или само топ) бидејки така најдобро се искористува можноста и потенцијалот на издувниот систем, но зголемување на перформансите се приметува и на фабрички системи. Значи доколку можете да си дозволите еден PC, не се мислете ни за момент, ќе добиете нов мотор.


Како што веќе пишувавме пред некој месец излезе во продажба Power Commander V кој има многу подобрени функции во однос на претходниците, но сеуште најупотребуван е моделот PC III USB. Како што говори и самата кратенка, има usb порта преку која лесно можете да го поврзете со лап топ, преку кој се вчитуваат мапите во уредот.

Мапите се тие што му диктираат  на процесорот во кој режим ќе работи моторот и како ќе се однесува, па затоа е битно да ставите точна мапа. За секој модел на мотор има бесплатни мапи со скоро сите можни сетинзи. пример:
    Stock exhaust, Stock or aftermarket air filter
    M4 slip-on exhaust, Stock or aftermarket air filter
     European model-Yoshimura GP Evo CE approved Slip On with catalyzer, Stock or aftermarket air filter, O2 sensor disconnected, Pin 30 on BLACK ECU connector disconnected


Доколку сакате да отидете чекор понапред можете да го однесете моторот на Dynojet каде ќе ви биде изработена специјална мапа за вашиот мотор, но во најголем дел од случаите нема да има потреба за вакво нешто.

Најдобра опција би била инсталирање на целосен издувен систем, спортски филтер за воздух и иридиумски свеќици. Инсталирање на Power Commander на ваков мотор ќе ги искористи перформансите на моторот до максимум, без притоа да му штети на моторот.

За крај цената на вакво задоволство, на интернет PC III USB се наоѓа за 250-300 долари, се што треба да направите е да најдете човек кој ќе ви го донесе (за одредена сума нормално) бидејќи за жал кај нас не може да се најде во продажба.

 

 

 

comments

Би можело да ве интересира

BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

Патеката во Херез на која ќе се оддржи трката од WSBK шампионатот ќе биде полна со возачи кои се на замена. Големиот број на повреди оваа сезона не ги погодија само регуларните возачи туку и нивните заменици.

Какво гориво треба да има? Тоа воопшто не е важно. Керозин, бензин, дизел, гориво за авион, на моторот воопшто тоа не му е важно.

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!