1. Имај на ум дека никој не те гледа.

За повеќето возачи на автомобили ти си невидлив. Никогаш не прави потег со претпоставка дека другиот возач те гледа, дури и ако си "сигурен" дека те видел. Останатите возачите не ги перцепираат моторите.

2. Биди разумен.

Последиците од ситуации во кои насовесни моторциклисти им сечат пат на колите најчесто почнуваат лошо, а завршуваат полошо. Никогаш не прави ништо што нејќеш тебе да ти го прават.

3. Облечи се за паѓање, не ко за на базен или кафуле.

Да, 7-ца е на 5 минути од дома, ама никој не планира намерно да јаде асфалт. И покрај тоа што ќе се свариш во опремата, тоа не е изговор да возиш по маичка и шорцеви.

4. Надевај се на најдоброто, подготви се за најлошото.

Секогаш претпоставувај дека колата од спротивната страна на раскрсницата ќе ти пресече пат кога ќе се запали зелено, без разлика дали жмигавецот и е вклучен.

5. Остави си го егото дома.

Единствените луѓе на кои ќе им биде битно со која брзина си поминал на автопатот се полицаецот и судијата.

6. Внимавај.

Да, има полу-гола девојка на билбордот. Добра е, нели? Додека гледаш во девојката, банкината дошла пред тебе. Фокусирај се на патот.

7. Ретровизорите покажуваат само дел од сликата.

Никогаш не менувај лента без да бидеш апсолутно сигурен дека патот е чист.

8. Биди трпелив.

Секогаш почекај уште секунда-две пред да претекнеш во кривина. Биди сигурен, а не се надевај дека не иде никој од спротивниот правец. Еден ден ќе налета некој.

9. Внимавај на брзината на приближување.

Возење кон коли со двојно поголема брзина од нивната е барање на невоља. Имај на ум дека треба да кочиш ако нагло застанат.

10. Пази се од ѓубрето на патот.

Многу лоши изненадувања можеш да најдеш на краевите од патот: канти од бензин, мртви мачки, вреќи со ѓубре.. Внимавај на ваквите остатоци на двата краја од патот.

11. Колите кои вртат лево остануваат водечки убици на моторциклисти.

Не претпоставувај дека ќе те чекаат да поминеш пред да свртат на раскрсницата. И тие се обидуваат да го "фатат" семафорот.

12. Внимавај на колите кои бркаат семафори.

Првите секунда-две откако ќе се запали зеленото светло се нај опасни. Погледни на двете страни на раскрсницата пред да тргнеш.

13. Гледај во ретровизорите.

Прави го тоа секојпат кога менуваш лента, кога намалуваш брзина или кога застануваш.

14. Не го заборавај растојанието.

Секогаш оставај доволно место за кочење во однос на колите пред тебе.

15. Пази се од "тркачи".

Брзи се и агресивни. Никогаш не претпоставувај дека се откажал некој од нив ако си го поминал на семафор, ако смениш лента без да погледнеш назад можеш да завршиш како декорација на тротоарот.

16. Влез во кривина со преголема брзина боли.

Влезот во кривина со преголема брзина е најчестата причина за несреќи на пат. Влези бавно, излези брзо, тоа е старото правило кое сеуште важи и функционира.

17. Не верувај дека нема ништо во шумата.

Нема правило кога крзнените животни излегуваат на пат. Ако возиш низ шума, отвори ги широко очите. Знаците кои означуваат дивеч на патот не се џабе поставени.

18. Научи да ги користиш двете кочници.

Предната е најчесто доволна, и сигурно ќе го запре моторот, ама нежното притискање на задната при влез во кривина знае да смири прилично нервозни шасии.

19. Секогаш држи ја раката на предна кочница.

Ако притиснеш на кочницата една секунда порано при 100км/ч ќе запреш 27 метри поназад. Не го заборавај тоа.

20. Гледај онаму каде што сакаш да одиш.

Користи го чудото наречено фиксирање на цел како твоја предност. Моторот оди онаму каде што гледаш, па фокусирај се на решенито наместо на проблемот.

21. Движи ги очите.

Сообраќајот постојано се менува, па менувај го погледот според ситуацијата. Не ги заклучувај очите на една работа премногу долго, освен ако навистина си во лоша ситуација.

22. Размисли пред да дејствуваш.

Ако прелеташ покрај Тико што оди 20км/ч во зона каде што е дозволено 60, немој да бидеш изненаден ако завршиш со главата во предната врата затоа што возачот решил да сврти баш пред тебе.

23. Крени го погледот.

Касно е да направиш било што кога ќе забележиш кратер на патот на метро пред тркалото, гледај во патот доволно далеку за да можеш навремено да ја смениш траекторијата на движење.

24. Веднаш фокусирај се на возењето.

Во урбани средини, повеќето несреќи се случуваат во првите 15 минути од возењето, со брзина помала од 70км/ч и во близина на раскрсница. Да, тоа може да биде и твојата најблиска раскрсница.

25. Застанувај на СТОП знак.

Спушти ја ногата доле. Погледни повторно. Секое поинакво поминување на стоп знакот значи избрзана реакција во која ќе немаш време да реагираш на потенцијална невоља.

26. Внимавај кога поминуваш низ колона од коли.

Никогаш не можеш да знаеш кога ќе реши некој да отвори врата за да се излади.

27. Не се качувај на нешто што не можеш да го возиш.

Самоубиство е да возиш V-Strom ако си висок 160цм и тежиш 60кг.

28. Не претекнувај колона преку полна лента.

Не можеш да знаеш зошто е направена колоната, и кога возилата од спротивната лента ќе почнат да се движат.

29. Првенство на минување.

За жал кај нас важи правилото - првенство на минување има оној кој е со поголемо возило. Затоа чекај да ти дојде редот.

30. Кога возиш во група, држи се до оние кои ти одговараат.

Возење над твоите можности е одличен начин да завршиш во ендек. Било која група со која вреди да се возиш има договорено место каде се чекаат сите возачи.

31. Остави им време на очите да се навикнат.

Минутка или две се доволни за очите да се навикнат на темницата надвор откако ќе излезеш од добро осветлена гаража. Во спротивно ќе возиш на слепо во првите стотина метри.

32. Усоврши ги бавните кривини од 180 степени.

Вежбај. Паркирај си го задникот на надворешниот крај од седиштето и навали го моторот во кривината, користејќи го своето тело како контра-тежина.

33. Кој ставил семафор на угорница??

Не паничи. Користи ја задната кочница за да го спречиш моторот да се врати наназад. Тргнувањето е исто како и на рамен пат, само полека отпуштај ја задната кочница.

34. Ако изгледа лизгаво, така и е.

Парче сомнителен асфалт може да биде ама баш било што. Од безопасна вода, до лизгаво масло. Не ризикувај, ако можеш заобиколи го, ако не, намали.

35. Бум! Пукна гумата! Сега што?

Без нагли движења. И моторот не е среќен, па затоа биди спремен да употребиш сила за да го смириш и да го задржиш правецот додека полека не запреш.

36. Капки на визирот?

Врне. Тазе навлажнетиот асфалт знае да биде многу по опасен отколку целосно мокар, па затоа внимавај. Биди нежен со рачката за гас и со кочницата, без нагли промени на траекторијата и без експериментирање.

37. Емоции?

Да парафразираме г-дин. Супермен, осигурај се дека се е ОК пред да се утепаш. Емоциите се моќни како дрога, а наркотиците и моторите не одат заедно. Ако си лут, тажен, преморен, нервозен... вози опуштено, не агресивно. Ќе ти помине многу побрзо и никој нема да загине.

38. Облечи опрема која ти одговара.

Купи си опрема која ќе ти одговара тебе и на временските услови. Ако ти е премногу топло или ладно или ако се бориш со јакната која ти е два броја поголема додека возиш, претставуваш опасност.

39. Остави го mp3 плеерот дома.

Сигурно нема да го слушнеш камионот со цемент ако си ги рокнал Металика на 10-ка, ама барем ќе бидеш кул со слушалките на уши во интензивна.

40. Научи да го занесуваш моторот.

Треба да можеш да поминеш низ две тесни кривини на многу кратко растојание. Занеси го моторот во лево, па во десно. Моторот ќе ги следи твоите движења. Вежбај го ова додека не ти стане рефлексно движење.

41. Биди сигурен при мали брзини.

Пробај да маневрираш при мала брзина, користејќи ја задната кочница за да одржуваш рамнотежа. Ова додава стабилност при возењето и сигурност во своите мото способности.

42. Светкањето е добро.

Жмигавците го привлекуваат вниманието затоа што трепкаат, така? Па неколку притискања на кочницата пред да запреш сигурно ќе им го привлече внимането на оние кои возат позади тебе.

43. Раскрсниците се страшни, па зголеми си ги шансите.

Секогаш оставај некоја кола пред или позади твојот мотор. Ако возиш покрај колата, можноста некој да помине на црвено и да те смачка во неа е многу по голема.

 

44. Биди свесен за периферниот вид.

Одбери една точка во ѕидот пред тебе. Сега види колку предмети забележуваш без да ги движиш очите или да ја вртиш главата. Колку повеќе гледаш, толку порано реагираш на невољи на патот.

45. Сам на раскрсница?

Нема да те убие да почекаш макар и минута на семафор за да се запали зелено. Никогаш не знаеш кога може некој "будала на зелено" да помин, а и казните за поминување на црвено се огромни.

46. Се се забележува потешко во темница.

Дури и ти. Намести си ги светлата на моторот, и секогаш носи опрема со флуоросцентни ленти на неа.

47. Не се лепи до камионите.

Ако некој од оние тешкаши со многу тркала е на патот пред тебе, не му се лепи. Често пати им пукаат гуми па не би сакал да играш StarWars со парчињата кои ќе летаат позади.

48. Не паничи од нагли кочења.

Воспостави интимна врска со твојата предна кочница. Најди некој безбеден паркинг за вежбање. Почни бавно, и најди ја линијата помеѓу максимално кочење и заклучување на предното тркало. После тоа вежбај повторно, и повторно...

49. Проверувај ги гумите редовно.

Не си ги земај здраво за готово работите и секогаш проверувај го притисокот во гумите. Провери ги и самите гуми од оштетувања од срчи, жици, камења и се она што може да ги оштети.

50. Диши длабоко.

Изброј до 10. Насмеј му се на идиотот. Полесно и подобро е да заборавиш дека некој кловн возејќи 120км/ч за малку ќе те истуркал од патот, отколку да си го уништиш животот.

Back To Top