26
Пет, Мај
Корисни текстови

Зошто не се продаваат мотори?

dealer-showroom-560x420.jpgДоколку прашате било кој дистрибутер на мотори во земјава зошто продажбата на мотори не оди онака како што тие би посакувале, без размислување ќе ви одговорат дека цената е во прашање. По направеното истражување со купувачите изминатиот месец, процентите говорат нешто друго..

Следете нè на:

 

dealer-showroom-560x420.jpgДоколку прашате било кој дистрибутер на мотори во земјава зошто продажбата на мотори не оди онака како што тие би посакувале, без размислување ќе ви одговорат дека во прашање e цената на моторите. По направеното истражување со купувачите изминатиот месец, процентите говорат нешто друго. 

51% од оние кои купиле нов мотор изјавија дека одбиле одредена марка на мотор заради дистрибутерот. Доколку го погледнете ова од страната на продавачот, тоа значи дека една продавница можела да си ја дуплира продажбата, доколку соодветно се однесувале кон купувачот.

Фрустрациите со дилерите ги разложивме уште по детално, а од таму произлегува дека на 25% од купувачите им било навистина битно да го пробаат моторот пред да го купат, а 7% не се одлучиле за одреден модел бидејќи не добиле можност да го пробаат истиот. Додатно на тоа, 18% не купиле одреден модел бидејќи времето за испорака на моторот било премногу долго.

15% од купувачите се одлучиле за одредена марка само заради условите од дистрибутерот, односно заради односот кон купувачот.

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!