23
Пон, Јан
WSBK

WSBK: Доминација на Априлија на првата трка

Априлија забележа 1-2-3 победа на првата трка од сезоната на Филип Ајленд. Силвијан Гинтоли дојде до 4-та победа во кариерата, а во фото финишот за втората позиција поуспешен беше Јуџин Лаверти пред Микел Фабрицио.

Следете нè на:

 

3 ApriliaRacing Guintoli PI Superpole-1024x786Четврта победа во кариерата за Силвијан Гинтоли

Априлија забележа 1-2-3 победа на првата трка од сезоната на Филип Ајленд. Силвијан Гинтоли дојде до 4-та победа во кариерата, а во фото финишот за втората позиција поуспешен беше Јуџин Лаверти пред Микел Фабрицио.

Но за тимот на Априлија ова не е прв пат да го монополизира подиумот, истата ситуација ја видовме и минатата година на патеката Нирбургринг во Германија.

Зад трите Априлии на крајот се најде БМВ-то на Чаз Дејвис до последниот круг се бореше да ја задржи четвртата позиција од Том Сајкс, за на крајот разликата помеѓу овие двајца да изнесува 0.051 делови од секундата.

Трката ја одбележа и сударот помеѓу Марко Меландри и Карлос Чека на баксузниот 13 круг, во кој двајцата претенденти за подиумот завршија надвор од патеката. Чека пред влезот во свиокот бр.4 не успеа да закочи доволно па удри во задниот дел од моторот на Меландри. Чека на крајот заврши во болница откако се онесвести при ударот. Иако немаше посериозни повреди, не му беше дозволено да вози на втората трка.

Оние кои ја пропуштија трката ќе имаат можност да ја гледаат репризата на ЕуроСпорт2 каналот со почеток од 17:15 часот

Резултати од првата трка:

1. Sylvain Guintoli FRA Aprilia Racing RSV4 33m 47.109s
2. Eugene Laverty IRL Aprilia Racing RSV4 +1.352s
3. Michel Fabrizio ITA Red Devils Roma RSV4 +1.359s
4. Chaz Davies GBR BMW GoldBet S1000RR HP4 +5.702s
5. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +5.753s 
6. Loris Baz FRA Kawasaki Racing ZX-10R +6.769s
7. Leon Haslam GBR Pata Honda CBR1000RR +6.830s
8. Jonathan Rea GBR Pata Honda CBR1000RR +17.944s
9. Leon Camier GBR Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 +19.152s
10. Max Neukirchner GER MR Ducati 1199 R +26.557s
11. Jules Cluzel FRA Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 +30.305s
12. Ivan Clementi ITA HTM Racing BMW S1000RR +30.411s
13. Alexander Lundh SWE Pedercini Kawasaki ZX-10R +45.185s
14. Glenn Allerton AUS Next Gen BMW S1000RR +48.632s
15. Jamie Stauffer AUS Honda Racing CBR1000RR +53.453s

16. Federico Sandi ITA Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 22.730s
17. Vittorio Iannuzzo ITA Grillini Dentalmatic BMW S1000RR +4 круга

Без пласман

18. Carlos Checa ESP Alstare Ducati 1199 R 12 круга
19. Marco Melandri ITA BMW GoldBet S1000RR HP4 12 круга
20. Davide Giugliano ITA Althea Racing RSV4 2 круга

Не стартуваше
Ayrton Badovini ITA Alstare Ducati 1199 R 

Најбрз круг
Michel Fabrizio ITA Red Devils Roma Aprilia RSV4 1m 31.323s

 

 

comments

Би можело да ве интересира

ФИМ и Дорна денеска го потврдија календарот на МотоГП трки за 2017 година.

Еден од најпознатите тркачи на јавните патишта, Гај Мартин, реши да се врати на натпреварувањето откако потпиша договор со Honda Racing. Мартин ќе му се придружи на Џон Мекгинис и заедно ќе се натпреваруваат на North West 200 и Isle of Man TT. И двајцата возачи ќе настапат со Honda CBR1000RR SP2.

Италијанската компанија оствари соработка со Diesel, за да создадат лимитирана верзија на Diavel кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на Mad Max или на Bioshock.

Ја имавме првата можност да ги видиме Валентино Роси и Маверик Вињалес во новите униформи и за прв пат можевме да ја видиме Yamaha YZR-M1.

Во канцеларијата на Американското регулаторно тело во моментов се разгледува опцијата за воведување на 100% данок на увоз за Европските мотоцикли кои се со зафатнина од 50 до 500cc.

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!