23
Вто, Мај
WSBK

WSBK: Победа за Лаверти на втората трка

Возачите на Априлија го продолжија успешниот старт на сезоната откако и на втората трка имаа тројца свои претставници во првите четворица.

Следете нè на:

 

PA12854451-2 победа за Априлија на втората трка

Возачите на Априлија го продолжија успешниот старт на сезоната откако и на втората трка имаа тројца свои претставници во првите четворица.

Јуџин Лаверти дојде до победа на втората трка на Филип Ајленд, откако на првата мораше да се задоволи со втората позиција.

Лаверти го изедначи успехот на својот клубски колега Гинтоли, благодарение на вториот 1-2 резултат за Априлија, Лаверти дојде до четвртата победа во кариерата. Замената на првите две позиции на првата рунда придонесе двајцата возачи на Априлија да освојат ист број бодови и да застанат на делба на првата позиција во генералниот пласман.

Втората трка ја одбележа и сударот на Чаз Дејвис и Лорис Баз кој имаше влијание и на времето на Леон Хаслам и Леон Камиер.

Марко Меландри дојде до подиум на втората трка кој за малку ќе беше загрозен од Микел Фабрицио. Возачот на Априлија започна со нападот во последните кругови па можно беше повторно да бидеме сведоци на 1-2-3 ситуацијата од првата трка. Сепак Меландри успеа да го задржи темпото и да дојде до првиот подиум во сезоната.

Сајкс како и на првата трка, имаше успешен старт но потоа криза во средината од трката, за на крајот повторно да ја освои петтата позиција. Возачот на Кавасаки сеуште не е во онаа препознатлива форма во која сме навикнати да го гледаме, но навистина е рано да се прогнозира било што во однос на шампионатот.

Оние кои ја пропуштија трката ќе имаат можност да ја гледаат репризата на ЕуроСпорт2 каналот со почеток од 18:00 часот.

Резултати од втората трка:

1. Eugene Laverty IRL Aprilia Racing RSV4 33m 45.938s
2. Sylvain Guintoli FRA Aprilia Racing RSV4 +0.418s
3. Marco Melandri ITA BMW GoldBet S1000RR HP4 +1.382s
4. Michel Fabrizio ITA Red Devils Roma RSV4 +2.282s
5. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +11.545s 
6. Davide Giugliano ITA Althea Racing RSV4 +12.508s 
7. Jules Cluzel FRA Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 +17.330s
8. Jonathan Rea GBR Pata Honda CBR1000RR +17.339s
9. Leon Camier GBR Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 +19.886s
10. Leon Haslam GBR Pata Honda CBR1000RR +19.996s
11. Max Neukirchner GER MR Ducati 1199 R +27.629s
12. Glenn Allerton AUS Next Gen BMW S1000RR +42.809s
13. Jamie Stauffer AUS Honda Racing CBR1000RR +42.893s
14. Federico Sandi ITA Pedercini Kawasaki ZX-10R +44.899s
15. Alexander Lundh SWE Pedercini Kawasaki ZX-10R +57.824

16. Vittorio Iannuzzo ITA Grillini Dentalmatic BMW S1000RR +1m 22.574s 
17. Chaz Davies GBR BMW GoldBet S1000RR HP4 +2 laps

Без пласман

18. Ivan Clementi ITA HTM Racing BMW S1000RR 11 laps completed
19. Loris Baz FRA Kawasaki Racing ZX-10R 0 laps completed

Не стартуваа

Carlos Checa ESP Alstare Ducati 1199 R 
Ayrton Badovini ITA Alstare Ducati 1199 R 

Најбрз круг
Eugene Laverty IRL Aprilia Racing RSV4 1m 31.168s

 

comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Возењето на Супермото е можеби едно од најинтересните работи што можете да ги направите на две тркала. Мотоцикли за нерамен терен опремени со улични гуми, супермото нуди одлична услови за возење низ град како и можност за вежбање на вашата техника на некоја пониска платформа.

Конечно пристигнаа! КТМ ги претстави првите двотактни мотоцикли со директно вбризгување на горивото кои имаат EXC TPI (Transfer Port Injection)

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!