Специјален пневматик ќе биде употребен на новите „Sprint“ трки од Светскиот Супербајк шампионат. За прв пат во 32 годишната историја на серијата, во текот на викендите ќе имаме три трки.

„Tissot Superpole Race“ како што е официјално наречена, ќе се оддржи во сабота наутро и ќе биде втора од трите трки кои ќе се оддржат. Трката ќе носи и поени за првите девет возачи а првопласираниот ќе добие 12 бода. На третата трка која ќе се оддржи истиот ден во попладневните часови, позицијата на возачите ќе зависи од резултатите кои ќе ги постигнат на втората трка. А без разлика на која патека се оддржува трката, таа ќе биде составена од 10 круга, нешто што ни ветува дека ќе биде исполнета со акција од почеток па се до самиот крај.

За да биде уште поинтересно, единствениот снабдувач со пневматици во серијата, Pirelli, соопшти дека за овие трки создале нова гума. Новото соединение, наречено SCX, за прв пат ќе се појави во Арагон на почетокот на Април.

pirelli txt 31 01

Идејата е тимовите да имаат задна гума која ќе може да издржи половина од вообичаеното растојание кое го поминува за време на една трка, но во исто време да биде и поиздржлива од пневматиците кои се користат за време на квалификациите.

SCX нема да биде задолжителен пневматик само за „sprint“ трките. Ова им отвора можност на возачите да изберат дали сакаат да настапат со вообичаената тркачка гума која има поголема издржливост или пак да ја искористат SCX со која ќе добијат поголема брзина но и послаба издржливост и ризик од несреќа.

Нивиот пневматик исто така ќе биде достапен и за саботната „Superpole“ трка. Идејата е возачите да ја користат SCX на стартот а потоа кон крајот на квалификациската сесија да се префрлат на квалификациските пневматици.

Во моментов, многу често ваквите премини од еден на друг вид на пневматици резултираат со излетувања на возачите.

Back To Top