Една од поинтересните приказни кои ги следиме во пресрет на новата сезона од Светскиот Супербајк шампионат е пристигнувањето на BMW Motorrad во гаражите.  За сезоната 2019, BMW склучи договор со Shaun Muir Racing а за тимот ќе настапат Том Сајкс и Маркус Рајтенбергер.

Со целосно нова супербајк платформа за развој и работа, нашето вимание е насочено кон сето она што оваа машина може да го постигне, особено со еден ваков тим и вакви возачи.

Откако SMR официјално го претстави нивниот тим за време на пред сезонскиот тест во Португалија, успеавме да влеземе во гаражата на тимот каде што направивме неколку извонредни фотографии од BMW S1000RR кој има WorldSBK спецификации.

И како што можете да очекувате, деталите кои ги има овој мотоцикл се навистина интересни.

BMW S1000RR WorldSBK Txt 1 31 01

На фотографиите на кои го имаме мотоциклот на Том Сајкс, можеме да видиме дека Öhlins е задолжена за суспензијата. Но уште поинтересно е тоа што наместо спортските Brembo, за сопирачките е задолжен Nissin.

Доколку ја погледнеме левата страна на контролите, можеме да видиме дека Сајкс со палецот може да ја притисне задната сопирачка. Покрај тоа, тука ја имаме и предната сопирачка како и неколку копчиња кои се задолжени за електрониката.

BMW S1000RR WorldSBK Txt 2 31 01

Сопирачките кои се активираат на копче се многу актуелни пред се поради стилот на возење на натпреварувачите. На пример, кога  го навалувате мотоциклот на десната страна, многу е тешко да ја притиснете сопирачката со вашето стапало.

Еден дел кој го привлече нашето внимание беше алуминиумската задна вилушка.Тука можеме да забележиме дека BMW го има пополнето негативниот простор со цел мотоциклот да биде поригиден.

BMW S1000RR WorldSBK Txt 3 31 01

Воопшто не е невообичаено да ги видиме тимовите кои се дел од WorldSBK како го менуваат дизајнот на задната вилушка. Дури може да се каже и дека тое е еден вид на норма. Но вреди да се напомене дека BMW Motorrad ја креираше оваа вилушка да биде идентична со онаа која ја користи тркачкиот тим.

Ова воопшто не е случајност бидејќи производството на супербајк моделите станува се повеќе фокусирано на нивните перформанси. Овој вид на „racing-first“ дизајн помага да се направи врската помеѓу уличниот мотоцикл и неговиот тркачки роднина. Со ова сигурно ќе има придобивки како при развојот така и при производството.

Back To Top