Останато

ТТ 2018: Резултати од првата трка во Supersport TT

Воопшто не е интересно да се разговара за времето, но кога се тркате на остров каде што временските услови се разликуваат од еден до друг ден, метеоролозите се едни од најпопуларните луѓе.

Следете нè на:

 

Топлото време во текот на тренингот е од голема важност бидејќи им овозможува на возачите добро да го подготват сетапот. Она што е уште поинтересно кај оваа трка е тоа што колку повеќе сончеви денови имаме, толку повеќе рекорди ќе урнат возачите.

Понеделникот беше уште еден сончев и топол ден и затоа не треба да бидеме изненадени што беа постигнати уште неколку рекорди – овој пат во првата трка од Суперспорт ТТ.

michael dunlop supersport tt iomtt tony goldsmith

Истите три имиња веќе цела недела се наоѓаат на врвот: Мајкл Данлоп, Питер Хикман и Дин Хачисон.

Иако му требаше малку време за да влезе во форма, Данлот набрзо продолжи да вози во ист стил како и во саботата и веднаш после „Ramsey Hairpin“ го презеде водството. Позади него беа Дин Харисон, Џејмс Хилиер, Питер Хикман, Гери Џонсон и Ли Џонсон.

Веќе на стартот на вториот круг, на првите три места беше златниото трио, Данлоп, Харисон и Хикман. Останатите возачи позади нив постојано ја менуваа својата позиција.

Обидувајќи се да постигне што е можно подобар резулатат по разочарувачкиот настап во саботата, Харисон се обиде да го притисне Данлоп, а Хикман се најде на третото место. Данлоп сепак не попушти до самиот крај. Во вториот круг тој постигна и рекордна брзина на трка од Суперспорт серијата од 207.922 километри на час со што создаде предност од шест секунди пред Харисон кој пак имаше предност од 22 секунди во однос на Хикман.

Хикман, во третиот круг кај „Glen Helen“, почуствува притисокот од страна на Џејмс Хилер кој му се доближи на само 2 десетинки, а веќе кај „Ballaugh“ го претекна и дојде на третото место.

Конор Каминс денот го заврши на петото место додека пак Џош Брукс беше шести. Она што ја засени целата трка беше веста дека почина дебитатнот во серијата, Адам Лион. Тој имаше 26 години.

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.