Владата ја обвини пандемијата со Ковид 19.

Втора година по ред се откажуваат трките од Isle of Man TT а од британската влада велат дека ваквата одлука се должи на пандемијата со коронавирусот.

За прв пат по Втората Светска војна, две години по ред се откажуваат трките. И покрај напредокот кој е постигнат во однос на вакцините, надлежниот министер сепак вели дека морале да донесат ваква одлука со цел да се заштитат животите на сите инволвирани.

Isle Of Man TT text 2

Не се планира одложување на трките поради инфраструктурата но и комплексноста на организирањето на самиот настан. Ова исто така ќе биде и сериозен удар за туристичкиот и угостителскиот сектор, со оглед на тоа дека настанот го посетуваат повеќе од 10 илјади лица. Сите кои се засегнати од ваквата одлука, се очекува да добијат финансиска помош.

Засега се уште е непознато дали во август ќе се оддржат Classic TT и Manx Grand Prix трките. Конечната одлука во однос на овие трки се очекува да биде донесена до крајот на март.

Back To Top