Останато

Јоан Бареда верува дека ќе има добар настап на релито Дакар 2017

На само неколку дена пред почетокот на релито Дакар 2017, тимовите напорно се подготвуваат во пресрет на предизвикот кој ги чека. Членот на Monster Energy, Јоан Бареда, ќе го има својот седми настап на најпознатото рели.

Следете нè на:

 

На само неколку дена пред почетокот на релито Дакар 2017, тимовите напорно се подготвуваат во пресрет на предизвикот кој ги чека. Членот на Monster Energy, Јоан Бареда, ќе го има својот седми настап на најпознатото рели.

Јоан вели дека Дакар е неговиот живот, а тоа може да се види и по резултатите кои ги има постигнато. За 2017, талентираниот возач вели дека се чувствува одлично.

termignoni provides for honda racing in dakar 2017 5

„Верувам дека сум во најдобра форма. Имавме добра година.Работевме на мотоциклот, ја подобривме неговата издржливост. Имаме и добра брзина. Се надевам дека нема да направам никаква грешка. Во изминативе неколку години докажав дека можам да се носам со притисокот, единственото нешто што ми недостига е малку среќа.“

Во текот на досегашниот дел од сезоната, Бареда оствари неколку победи – Баха Арагон, од Вегас до Рино и големото рели на Кина.

Тој ја почна кариерата во мотокрос, каде што откако го покажа својот талент беше избран од Шпанската федерација да учествува во 125cc Светскиот Шампионат.

termignoni provides for honda racing in dakar 2017 3

По краткиот настап во ендуро класата, Бареда премина на рели трките каде што во 2012 година го освои првото место на трката Баха Арагон. Во 2013 година тој постигна неколку етапни победи на релито Дакар а се најде на подиумот и на релито на Мароко.

Во 2014 година, Бареда постигна 5 етапни победи на релито Дакар и беше многу блиску до победа. Сепак, на претпоследната етапа тој падна и на крајот мораше да се задоволи со седмото место. Тој триумфираше на релито во Катар и се најде на третото место во Абу Даби.

И следната сезона тој имаше добар настап на релито Дакар и успеа да постигне четири етапни победи. Во 2016 година тој имаше механички проблеми кои дополнително му ги намалија шансите за победа.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.