Откако беше откажана етапата која требаше да се вози во саботата, а неделата беше прогласен за слободен ден, учесниците на релито Дакар се вратија на натпреварувањето во понеделникот кога се оддржа седмата етапа од релито.

Откако беше откажана етапата која требаше да се вози во саботата, а неделата беше прогласен за слободен ден, учесниците на релито Дакар се вратија на натпреварувањето во понеделникот кога се оддржа седмата етапа од релито. Таа требаше да биде долга 322 километри но повторно поради временските услови  должината на етапата беше скратена на само 160 километри.  Етапата изобилуваше со голем број на песочни дини кои беа голем предизвик за некои возачи.

2017 Dakar Rally Stage 7 Honda 10

За Honda денот беше навистина добар. Американецот Рики Брабек заврши на првото место, а веднаш зад него се најде неговиот тимски колега Пауло Консавеш. Сем Сандерленд го заврши денот на третото место и успеа да ја задржи предноста на табелата.

Победата на Брабек исто така претставува и подолжување на трендот на различен победник на секоја етапа, нешто што е навистина невообичаено со оглед на фактот дека во досегашната историја на релито, еден или двајца возачи секогаш се издвојувале од останатите.

Хавиер де Соултраит продолжува да изненадува со тимот на Yamaha. Денот го заврши на петото место, а во моментов во генералниот пласман се наоѓа на шестото место и се уште е во борба за највисок пласман. Yamaha исто така може да се потпре и на Адриен ван Беверен кој се наоѓа на третото место во генералниот пласман веднаш зад возачот на Husqvarna, Пабло Квинтанила. Бидејќи три производители ги завземаат првите три места на табелата, ќе биде интересно да се види нивната борба додека возат низ Аргентина.

Во понеделник навечер ќе започне маратонската етапа што значи дека само натпреварувачите ќе смеат да вршат поправки на своите машини со цел да се подготват за осмата етапа. Бидејќи нема да имаат помош од механичарите, резултатите кои ќе бидат постигнати во вторник може да ни донесат промени на табелата.  

Back To Top