HRC потврди дека би сакале да го задржат Штефан Брадл уште една сезона во својот сателитски тим.

06stefanbradlmotogp original

HRC потврди дека би сакале да го задржат Штефан Брадл уште една сезона во својот сателитски тим.

Брадл има потпишано договор за сезоните 2012 и 2013, а според Британската интернет страна MCN.com исто така има опција да остане во тимот и во 2014 година.

Тимскиот шеф Лучио Кечинело изјави за MCN дека тој дефинитивно сака да продолжи со Германскиот возач, кој всушност има договор дирекно со Honda, а исто така има и мотоцикл кој е поддржан од фабриката бидејќи го заслужил тоа.

Според информации од менаџерот на Брадл, тој не размислува да ја промени средината, задоволен е од моторот и се надева дека следната сезона ќе продолжи со успешни настапи за LCR тимот.

Нема информации за тоа дали LCR сеуште планира да има два мотоцикли во сезоната 2014. Веројатно цената од  1.200.000 евра е премногу за тимскиот буџет. 

Back To Top