Со освоени три подиуми и една пол позиција оваа година, реномето на Кал Кратчлоу се повеќе се подобрува.

CalCrutchlowMotoGpFranceQualifyingRlP0NOAbmy0x

Со освоени три подиуми и една пол позиција оваа година, реномето на Кал Кратчлоу се повеќе се подобрува.

Бидејќи тој е единствениот од топ 5 мотоциклистите на кого му завршува договорот оваа сезона, има многу шпекулации за тоа каде талентираниот англичанец би можел да ја продолжи кариерата.

Три тимови изразија интерес за Кратчлоу, а Дукати и Јамаха се сметаа за фаворити. Кратчлоу јасно стави до знаење дека сака да остане во Јамаха, или во фабричкиот тим или во Тек 3 но да има подршка од фабриката исто како што има и Штефан Брадл во тимот на ЛЦР Хонда.

За Јамаха, ситуацијата е посложена. Тие веќе во тимот ги имаат актуелниот светски шампион Хорхе Лоренцо и поранешниот шампион Валентино Роси. Исто така имаат и договор со Бредли Смит.

Во фабриката се соочуваат со дилема. Дали да го задржат Кал Кратчлоу уште една сезона во сателитскиот тим или да го ангажираат талентираниот Пол Еспаргаро, со надеж дека тој ќе му биде конкуренција на Марк Маркез во следните сезони.

За да дознаеме каква е состојбата, разговаравме со управниот директор на Јамаха, Лин Џарвис.

„Соработуваме со Тек 3 за да најдеме начин да го задржиме Кратчлоу,” изјави Џарвис. „Ние ги знаеме неговите вештини и потенцијал.“

Сепак Џарвис не беше сигурен дека обидите на Јамаха ќе бидат доволни. „Тешко е да се каже дали ќе успееме да му ги понудиме истите услови како и останатите тимови.“

Прашан дали Јамаха се плаши од можноста да го загуби Кал Кратчлоу, Џарвис изјави: „Никогаш не се плашиме од такви работи.“

Џарвис одби да одговори на прашањето дали Јамаха веќе потпишала договор со Пол Еспаргаро.

Сега на потег е Кал Кратчлоу. Јамаха веројатно нема да може да ја изедначи понудата на останатите фабрики, а Кратчлоу наскоро ќе треба да донесе одлука околу неговата иднина.

Да потсетиме, во генералниот пласман Крачлоу се наоѓа на четвртата позиција, зад Педроса, Лоренцо и Маркез, а пред Валентино Роси. 

Back To Top