MotoGP

Роси: Оваа победа е важна во борбата за титулата

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Следете нè на:

 

Валентино Роси смета дека во никој случај не смее да биде потценета победата која ја оствари на трката во Асен бидејќи преку неа тој повторно се враќа во борбата за титулата. Лидерот на табелата, Маверик Вињалес, не успеа да ја заврши трката, а неговиот тимски колега ја искористи таа грешка и успеа да ги освои 25-те поени. Оваа победа е негова вкупно 115-та во кариерата како и десетта на патеката во Асен.

rossi pobeda asen

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

„Навистина сум среќен и морам да признаам дека ова е особено важна победа. Чувството е одлично,“ изјави Роси.

„Имаше голема борба со Данило, со Марк и секако со Зарко. Среќен сум бидејќи напорно работевме, ја променивме шасијата и можев подобро да возам со мотоциклот. Исто така е важно и за шампионатот бидејќи после осум трки борбата за титулата е навистина изедначена.“

„Оваа сезона откривме дека работите можат да се променат од една до друга недела. Затоа ќе биде особено важно да бидеме добри и во Захсенринг.“

„Ова е моја десетта победа во Асен и навистина сум горд поради тоа. Откако стигнав до десет победи во Барселона, истото тоа ми успеа и во Асен. Тие ми се едни од омилените патеки и поради тоа чувството е неверојатно.“

Поради временските услови во Асен, изборот на пневматици беше од клучно значење.

„Трката беше тешка за сите. Знаевме дека цврстите пневматици повеќе ни одговараат но поради времето не бевме сигурни. Но на крајот го направивме вистинскиот избор со задната гума и тие функционираа беспрекорно. Од самиот старт на трката имав добро чувство бидејќи бев меѓу првите возачи и можев да го диктирам темпото.“

„Но потоа почна да врне и тогаш имате чувство дека трката повторно почнува од самиот старт. Се надевав дека нема да се засили дождот, а имав и мала борба со Данило кој е секогаш опасен на вакви услови.“

„Видов дека и тој има проблеми, бидејќи кога си лидер на трката, а врне, малку повеќе вода во свиокот може да ти ја уништи целата трка.“

На трката во Захсенринг во изминативе неколку сезони доминираат мотоциклите на Honda, а Роси признава дека ќе биде тешко да се спречи тоа.

„Шампионатот е неверојатен и навистина сум среќен поради тоа. Борбата е сосема отворена како за возачите така и за тимовите.“

„Захсенринг е сосема различна патека во однос на Асен и во последниве неколку години Honda, а особено Меркез, се секогаш силни тука. Затоа мораме и ние да бидеме компетитивни.“

 

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!