Иако последната трка во МотоГП шампионатот се вози следниот викенд, реакциите во јавноста не стивнуваат по последните случувања во Сепанг. Додека го чекаме исходот од жалбата на Јамаха, правиме анализа на кое место треба да завршат Роси и Лоренцо за да се добие новиот шампион.

rossi lorenzo

Иако е рано за последната трка во шампионатот која се вози на патеката Валенсија во Шпанија на 8-ми ноември, правиме анализа на сите пермутации кои можат да се случат и да го одредат новиот шампион во МотоГП.

Во игра за титулата се само Валентино Роси и Хорхе Лоренцо, Роси има предност од 7 бода во генералниот пласман но за сега треба да стартува од последната позиција во Валенсија по инцидентот со Маркез на сепанг.

Во продолжение следува табела со можните исходи од трката во Валенсија и конечниот пласман на табелата.

Ако Лоренцо заврши на... На Роси му треба...
1-во 2-ро
2-ро 3-то
3-то 4-то до 6-то
4-то  5-то до 9-то
5-то  5-то до 11-то
6-то  5-то до 12-то 
7-мо 5-то до 13-то
8-мо  5-то до 14-то 
9-то  5-то до 15-то
10-то  ...да се олабави.
Ако Роси заврши на... На Лоренцо му треба...
1-во или 2-ро ...временска машина
3-то 1-во или 2-ро
4-то  1-во или 2-ро
5-то  1-во или 2-ро
6-то  1-во или 2-ро
7-мо 1-во до 3-то
8-мо  1-во до 3-то
9-то  1-во до 3-то
10-то  1-во до 4-то
11-то 1-во до 4-то
12-то 1-во до 5-то
13-то 1-во до  6-то
14-то 1-во до 7-мо
15-то 1-во до 8-мо
...без поени 1-во до 9-то

Кои се вашите размислувања, што ќе се случи во Валенсија и кој ќе биде новиот шампион во МотоГП? #RossiVsLorenzo

Back To Top