Роси денеска потврди дека ќе вози на последната трка од шампионатот и им се заблагодари на фановите за поддршката.

rossi valencia

Роси денеска потврди дека ќе вози на последната трка од шампионатот и им се заблагодари на фановите за поддршката.

По инцидентот на патеката Сепанг минатиот викенд и казната која ја доби Роси тој изјави дека не е сигурен дали воопшто ќе се појави во Валенсија. Според надлежните лица заради казнените поени тој ќе треба да стартува од последниот ред што ќе му ја отежни мисијата да ја зачува предноста од 7 поени која ја има во генералниот пласман пред Лоренцо.

Сепак независно од исходот на жалбата која тимот на Јамаха ја поднесе пред надлежната комисија на ФИМ и која може да му ја ублажи казната, тој потврди дека ќе вози во Валенсија.

Пред малку на својот твитер профил тој напиша:

Ви благодарам на сите за огромната поддршка, ми помогнавте да ја надминам горчината и лутината. Сега се подготвувам за Валенсија.Валентино Роси
Back To Top