MotoGP

MotoGP: Рединг се извини за непристојните забелешки

Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Следете нè на:

 

Сосема разбирливо тој беше гневен откако забележа одлични резултати на влажни услови но сосема спротивни за време на сувите услови на трката.

„Ова беше еден ужасен викенд бидејќи кога временските услови ни одговараат, можам да бидам навистина добар. Досега ја прифаќав ситуацијата бидејќи немав ниту една сесија која се возеше на влажни услови. Но за време на викендот се потсетив дека можам да се борам со најдобрите возачи. Но потоа патеката се исуши и повторно бевме надвор од конкуренција.“

742801

„Навистина е разочарувачко кога имате ваква трка. Давам се од себе но ништо не се подобрува. На една патека можам да се натпреварувам со мојот тимски колега, како што беше на патеката во Брно и покрај тоа што излетав надвор, но потоа доаѓате тука и дури не можете ни да бидете во иста ситуација со него.“

„Сега треба да заминам на патеката во Силверстоун и насмеан пред сите да кажам дека ќе постигнам добри резултати. А сето тоа е лага. Не можете да направите ништо. Не можете ѓубре да направите да биде злато, а токму тоа се обидувам да го направам. Знам дека звучи остро и дека не треба да го кажам тоа, но таква е ситуацијата. Се обидувате да подобрите нешто што во суштина е просечно.“

Подоцна, на социјалните мрежи, 25 годишниот возач и се извини на фабриката признавајќи дека неговите коментари не биле на место.

„Му должам големо извинување на тимот и на фабриката. Воопшто не е прифатливо она што го кажав во интервјуто после трката. Размислував многу емоционално но зборував со гнев. Треба да бидам пример за останатите.“

„Тимот прави се што може да ја подобри машината. Имаме некои добри делови кои треба да ги тестираме оваа недела и верувам дека овој мотоцикл може да биде компетитивен. Сакам да се извинам за се она што го кажав и ветувам дека ќе научам од ова.“

Би можело да ве интересира

Можеме да ја разбереме поентата на автомобилите кои сами се движат. Мислам дека сите би сакале да можат да го преспијат патот од работа до дома или пак да прочитаат некоја книга за тоа време. Но мотоциклите се малку поинакви.

Се појавија нови информации за авантуристичкиот модел V85 TT на Moto Guzzi, а според сликите што можеме да ги видиме на нивната интернет страна, се чини дека ова е конечната верзија.

Пред нас е 10-та рунда од Светскиот Супербајк шампионат која викендов се вози на патеката Портимао во Португалија.

Ова беше една страшна седмица за Романо Фенати. Во неделата, 9-ти Септември 2018 година, за време на Гран При трката во Сан Марино, при брзина од 200 километри на час тој ја притисна сопирачката на неговиот ривал, Стефано Манци.

После неколку години живот во сенка на далеку попознатата Sons of Anarchy, Mayans MC конечно го добива своето место под сонцето.

Ducati ја претстави последната верзија на Scrambler Icon кој сега има нов електронски пакет како и мали промени во дизајнот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!