27
Чет, Апр
MotoGP

МотоГП: Победа за Педроза на Брно!

motori brno-pedrosaОдличната трка помеѓу Хорхе Лоренцо и Дани Педроза ја одбележа 12 рунда во МотоГП шампионатот. Борбата за првата позиција траeше од првиот до последниот круг, а Хорхе Лоренцо ја имaше предноста се до 10 круга пред кrајот кога Педроза успеа да го помине.

Следете нè на:

 

brno-pedrosa

Одличната трка помеѓу Хорхе Лоренцо и Дани Педроза ја одбележа 12 рунда во МотоГП шампионатот. Борбата за првата позиција траeше од првиот до последниот круг, а Хорхе Лоренцо ја имaше предноста се до 10 круга пред кrајот кога Педроза успеа да го помине. Вистинската драма се случи во последниот круг кога Лоренцо успеа да го помине Педроза, но заради неговата грешка во последниот свиок на крајот Педроза славеше во Брно. Но да започнеме од почеток...

Трката на Брно започна без изненадувања, одличен старт на сите возачи па состојбата на почетокот беше следна: Лоренцо, Педроза, Крачлоу, Довициозо и Роси. Единствено Бен Спиз првиот круг го заврши на 14-та позиција, а од моторот на Роси забележавме чад но тој успешно се држеше до темпото на Довициозо. Роси се обиде дури и да го помине Довициозо за 4-та позиција но возачот на Јамаха Теч3 тимот успешно ги одбиваше нападите.

brno-lorenzo

Штефан Брадл успеа да го помине Баутиста за 6-та позиција, а во тие моменти Брадл беше зад Роси за цела секунда. На чело од колоната Лоренцо го имаше водството пред Педроза кој пак веќе имаше предност од 1.5 секунди пред Крачлоу. Одличното возење на Брадл продолжи па така во 9-от круг тој веќе успеа да го помине Роси.

Лошото возење и на оваа трка заврши катастрофално за Бен Спиз, откако на стартот заглави на 14-та позиција, успеа да дојде до 8-то место но за него тоа беше крај на трката откако падна во свиокот бр.5. Бен Спиз помина без повреда од лоусајдод но ова е уште една во низата лоши трки за американецот. Веднаш потоа го проследивме и откажувањето на Иван Силва заради механички проблеми со својот мотор.

На 10 круга до крајот Педроза успеа да го помине Лоренцо за првото место, а предноста на овие двајца пред Крачлоу кој беше на третата позиција веќе изнесуваше 6 секунди.

До крајот вреди да се спомене само последниот драматичен круг кој всушност ја направи целата трка. Педроза ја имаше првата позиција веќе 9 круга, а Лоренцо постојано му дишеше во вратот. Во последниот круг тој успеа да го помине Педроза и кога сите мислеа дека Лоренцо е победник во Брно тој направи грешка.Отиде широкот во последниот своиок, а Педроза ја искористи неговата грешка и дојде до победа која и тоа како ќе му го зголеми моралот до крајот на шампионатот!

На подиумот за прв пат се искачи Кал Крачлои, четврти беше Довициозо, петти Брадл, а на шестата позиција финишираше Алваро Баутиста. Во генералниот пласман Лоренцо сега има предност од само 13 бодови пред Педроза, а до крајот на шампионатот има уште шест трки.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 25 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 166.4 42'51.570
2 20 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 166.4 +0.178
3 16 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 165.6 +12.343
4 13 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 165.2 +18.591
5 11 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 164.8 +25.582
6 10 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 164.5 +29.451
7 9 46 Valentino ROSSI Ducati Team 164.2 +34.514
8 8 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 162.3 +1'04.285
9 7 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 162.1 +1'08.278
10 6 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 162.0 +1'09.972
11 5 24 Toni ELIAS Pramac Racing Team 162.0 +1'10.003
12 4 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 161.1 +1'24.040
13 3 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 160.9 +1'27.898
14 2 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 160.4 +1'36.165
15 1 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 160.1 +1'40.565
16 54 Mattia PASINI Speed Master 160.1 +1'41.226
17 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 158.4 1 круг
Без пласман
22 Ivan SILVA Avintia Blusens 159.2 13 круга
11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 163.1 14 круга

Следната трка се вози на 16-ти Септември на патеката Мизано во Сан Марино.

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!