20
Пет, Јан
MotoGP

MotoGP: Маркез продолжи со победничката серија

Маркез дојде до шестата победа во сезоната на трката во Муџело на која стартуваше од шестата пол позиција.

Следете нè на:

 

06mugello14mgp k3a0669 originalМаркез продолжува да „гази“, 6 од 6 за Шпанецот

Маркез дојде до шестата победа во сезоната на трката во Муџело на која стартуваше од шестата пол позиција.

По фантастичната борба со Хорхе Лоренцо на шестата трка во сезоната, актуеалниот Светски шампион дојде до шестата последователна победа. Маркез својот неверојатен успех го забележа од шест последователни пол позиции, па сега веќе се поизвесно е кој ќе биде шампион во МотоГП, иако до крајот на сезоната има уште цели 12 трки.

Муџело е домашна патека на Роси, од кого пред викендот се очекуваше продолжување на одличната форма од претходните трки. Сепак саботните квалификации покажаа дека Роси ќе стартува од 10-та позиција, па еуфоријата не спласна само кај оние најверните фанови. На крајот се покажа и дека биле во право, Роси успеа да дојде до третата позиција, и во генералниот пласман да дојде до второто место.

Она што е поважно за самиот шампионат секако е враќањето во игра на Лоренцо. Ако во изминатите трки гледавме возач кој ни од далеку не потсетуваше на борбениот Лоренцо, во Муџело го видовме вистинското лице на шампионот од 2010 и 2012.

Следевме возбудлива трка од почетокот до крајот, многу претекнувања и возбудливи маневри од кои запираше здивот, трка која ќе остане запаметена и како 300-то Гранд При на Валентино Роси.

Резултати од трката:

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 41'38.254
2 20 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +0.121
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +2.688
4 13 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +14.046
5 11 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +15.603
6 10 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +17.042
7 9 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati +17.129
8 8 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +27.407
9 7 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +41.886
10 6 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +45.212
11 5 51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati +45.433
12 4 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +45.831
13 3 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +45.839
14 2 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +46.834
15 1 5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'09.554
16   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'17.789
17   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'35.031
18   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'37.501
Без пласман
    8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia 16 Круга
    84 Michel FABRIZIO ITA Octo IodaRacing Team ART 17 Круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 20 Круга
    6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 20 Круга
    38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 21 Круга

Успехот на Маркез е фантастичен, тој на контото во генералниот пласман сега има 150 бодови, на втората позиција се наоѓа Валентино Роси со 97 само еден бод повеќе од Дани Педроса, а Лоренцо по последната трка се искачи на четвртата позиција со 65 бодови.

Следната трка се вози за две недели (15 јуни) на домашната патека на Лоренцо, Каталуња.

 

comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!