28
Пет, Апр
MotoGP

Маркез ја продолжува победничката серија, 7 од 7

Каталонското Гранд При ни приреди уште една возбулива трка, седма во сезоната која повторно му припадна на Марк Маркез.

Следете нè на:

 

gpcatalunya ds- s5d9212 originalПродолжува фантастичниот успех на Маркез, 7 победи на 7 трки

Каталонското Гранд При ни приреди уште една возбулива трка, седма во сезоната која повторно му припадна на Марк Маркез.

Возачот на Хонда МотоГП тимот, Марк Маркез, помина низ целната линија за половина секунда пред Валентино Роси и Дани Педроса, во највозбудливата трка во досегашниот тек од сезоната.

Во трилер финишот го проследивме престигнувањето на Маркез и Дани Педроса кои успеаја да го поминат речиси истовремено Валентино Роси кој водеше скоро во целата трка, оставајќи го притоа Лоренцо на четвртата позиција. Последниот круг донесе дополнителна возбуда при контактот на Педроса кој во моментот беше второпласиран со неговиот клубски колега на првата позиција, за среќа двете Хонди останаа на патеката, Маркез притоа дојде до седмата победа во сезоната, Валентино Роси го забележа второто место, а Педроса мораше да се задоволи со третата позиција.

Победата во Каталуња за Хонда беше 100-та во модерната ера на МотоГП, а за прв пат во 65 годишната историја на МотоГП се случи победа на двајца браќа, Марк Маркез во кралската класа, и неговиот брат Алекс Маркез кој забележа победа утринава во Мото3 класата.

Валентино Роси иако водеше во најголем дел од трката, на крајот се соочи со дуот на Хонда од кое двајцата возачи импресионираа. Дани Педроса на најдобар начин покажа дека повредата е зад него и дека повторно е во водечките на Гранд При трките. 

gpcatalunya ds- s5d8785 originalМаркез, Роси и Педроса се искачија на подиумот во Каталуња

Хорхе Лоренцо иако на минатата трка се врати на најдобар можен начин, во Каталуња едноставно не покажа доволно. Постојано беше зад водечката тројка но во ниту еден момент не беше во можност да им се доближи доволно блиску за да се искачи на пиедесталот, на крајот финиширајќи со заостанување од 2,7 секунди зад Педроса.

Одлично возење следевме и од Штефан Брадл кој го обезбеди петтото место, пред браќата Пол и Алеш Еспергаро на шестата и седмата позиција.

Поз.БодБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 42'56.914
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +0.512
3 16 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +1.834
4 13 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +4.540
5 11 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +11.148
6 10 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +14.213
7 9 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +16.127
8 8 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +16.175
9 7 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati +18.040
10 6 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +24.781
11 5 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +37.153
12 4 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +43.299
13 3 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +43.407
14 2 51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati +55.157
15 1 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +59.191
16   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'00.906
17   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'01.284
18   5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'06.121
19   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia +1'25.195
20   84 Michel FABRIZIO ITA Octo IodaRacing Team ART +1'40.665
Без пласман
    63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia 8 круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 15 круга
    19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 22 круга
    17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda 24 круга

Следната трка се вози на 28-ми јуни на патеката Асен во Холандија.

 

comments

Би можело да ве интересира

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!