20
Сре, Сеп
MotoGP

MotoGP: Маркез најбрз на првиот тест на Сепанг

МотоГП сезоната 2015 официјално започна со првиот зимски тест на патеката Сепанг во Малезија. На првиот ден најдобро време забележа Марк Маркез, втор беше Валентино Роси, а трет Хорхе Лоренцо.

Следете нè на:

 

MAL PRE HONDA 10 lowresМаркез со најдобро време на првиот тест на Арагон

МотоГП сезоната 2015 официјално започна со првиот зимски тест на патеката Сепанг во Малезија. На првиот ден најдобро време забележа Марк Маркез, втор беше Валентино Роси, а трет Хорхе Лоренцо.

Шампионот од 2014 ја започна новата сезона на ист начин како што ја заврши старата, со најдобар резултат на патеката. Неговиот клубски колега Дани Педроса забележа петто време, половина секунда послабо од она на Маркез. Педроса имаше прилика да забележи подобар резултат но излета од патеката во свиокот број 9, а за негова среќа излетувањето помина без проблеми за него и со мали оштетувања на моторот.

На втората позиција се најде легендарниот Валентино Роси кој заостануваше само една десетинка зад времето на Маркез. Роси беше водечки на провизорната листа во поголемиот дел од денот, борбата на времињата се водеше помеѓу него, Марк Маркез, Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и Андреа Довициозо. Лоренцо како и Роси возеше прототип на YZR-M1 кој беше претставен во Валенсија минатата година. На крајот од сесијата двајцата возачи на Јамаха работеа на подобрување на сетапот на моторите.

1154090827 1Ако денот по утрото се познава, Маркез ќе има сериозна конкуренција во Роси

Поз.ВозачБројЗемјаТимВреме
1 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team 2'00.262
2 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP 2'00.380
3 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP 2'00.521
4 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team 2'00.617
5 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team 2'00.745
6 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 2'00.930
7 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team 2'01.424
8 BRADL Stefan 6 GER NGM Forward Racing 2'01.556
9 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 2'01.707
10 CRUTCHLOW Cal 35 GBR CWM LCR Honda 2'01.713
11 REDDING Scott 45 GBR Marc VDS Racing Team 2'01.917
12 PIRRO Michele 51 ITA Ducati Team 2'01.951
13 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing 2'02.136
14 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki MotoGP 2'02.225
15 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Factory Aprilia Gresini 2'02.285
16 AOYAMA Hiroshi 7 JPN HRC Test Team 2'02.560
17 HAYDEN Nicky 69 USA Drive M7 Aspar 2'02.699
18 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing 2'02.700
19 MILLER Jack 43 AUS CWM LCR Honda 2'02.807
20 NAKASUGA Katsuyuki T1 JPN Yamaha Test Team 2'03.092
21 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki MotoGP 2'03.164
22 LAVERTY Eugene 50 IRE Drive M7 Aspar 2'03.295
23 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing 2'03.878
24 ABRAHAM Karel 17 CZE Cardion AB Motoracing 2'03.879
25 BAZ Loris 76 FRA NGM Forward Racing 2'04.163
26 MELANDRI Marco 33 ITA Factory Aprilia Gresini 2'04.502
27 DE ANGELIS Alex 15 RSM NGM Forward Racing 2'04.673
28 TAKAHASHI Takumi 72 JPN HRC Test Team 2'04.719
29 TSUDA Takuya 12 JPN Team Suzuki MotoGP 2'05.478
comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!