MotoGP

MotoGP: Лоренцо на чело на вториот ден тестирање во Сепанг

Возачот на Јамаха МотоГП тимот Хорхе Лоренцо забележа најдобар резултат на денешниот втор ден од пред сезонското тестирање на патеката Сепанг.

Следете нè на:

 

lorenco sepang 2Лоренцо со најбрзо време на вториот ден на Сепанг

Возачот на Јамаха МотоГП тимот Хорхе Лоренцо забележа најдобар резултат на денешниот втор ден од пред сезонското тестирање на патеката Сепанг.

Андреа Довициозо на Дукати имаше второ време пред Марк Маркез кој на вчерашниот тест беше прв. Неговиот клубски колега Дани Педроса беше четврти пред Андреа Ианон и Валентино Роси.

Повеќето од возачите во текот на денешниот ден работеа на телеметријата и различните подесувања на моторите, така на пример возачите на HRC тимот имаа прилика да направат споредба на моторите кои ги возеа вчера со денешните кои беа донесени од Јапонија.

Лоренцо одлично се прилагоди на моторот, иако со мала предност пред Довициозо сепак тој се најде на првата позиција со време од 1'59.963. Валентино Роси на денешниот тест имаше само шести резултат со заостанување поголемо од половина секунда зад Лоренцо.

Од останатите фабрички тимови добар напредок имаше Алеш Еспергаро на Сузуки кој денеска се најде на 10-та позиција, а Маверик Вињалес беше 15-ти. Најбрза Априлија беше онаа на Алваро Баутиста кој на крајот имаше 17-ти резултат, а Марко Меландри денешниот тест го заврши последен.

Поз.ВозачБројЗемјаТимМоторВреме
1 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'59.963
2 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team Ducati 2'00.015
3 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team Honda 2'00.146
4 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team Honda 2'00.260
5 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team Ducati 2'00.391
6 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 2'00.676
7 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2'00.959
8 CRUTCHLOW Cal 35 GBR CWM LCR Honda Honda 2'01.058
9 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2'01.098
10 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki MotoGP Suzuki 2'01.344
11 BRADL Stefan 6 GER NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'01.484
12 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing Ducati 2'01.615
13 AOYAMA Hiroshi 7 JPN HRC Test Team Honda 2'01.772
14 REDDING Scott 45 GBR Marc VDS Racing Team Honda 2'01.844
15 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki MotoGP Suzuki 2'01.916
16 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing Ducati 2'01.932
17 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Factory Aprilia Gresini Aprilia 2'02.155
18 PIRRO Michele 51 ITA Ducati Team Ducati 2'02.199
19 HAYDEN Nicky 69 USA Drive M7 Aspar Honda 2'02.228
20 ABRAHAM Karel 17 CZE Cardion AB Motoracing Honda 2'02.574
21 BAZ Loris 76 FRA NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'02.842
22 NAKASUGA Katsuyuki T1 JPN Yamaha Test Team Yamaha 2'02.914
23 MILLER Jack 43 AUS CWM LCR Honda Honda 2'03.083
24 LAVERTY Eugene 50 IRE Drive M7 Aspar Honda 2'03.129
25 DE ANGELIS Alex 15 RSM NGM Forward Racing Forward Yamaha 2'03.399
26 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing Ducati 2'03.609
27 TAKAHASHI Takumi 72 JPN HRC Test Team Honda 2'03.781
28 MELANDRI Marco 33 ITA Factory Aprilia Gresini Aprilia 2'04.487
comments

Би можело да ве интересира

Италијанскиот производител на електрични мотоцикли Energica е избрана да биде единствен снабдувач во новата електрична, MotoGP класа, а планирано е да дебитираат на патеките во сезоната 2019.

Морав да ги разгледам претходните текстови кои ги имаме објавено за да видам кога прв пат пушувавме за „turbocharged“ верзијата на Suzuki. Колку за информација, поминаа четири години откако Suzuki за прв пат се појави со „Recursion“ концептот на мото шоуто во Токио.

Во суштина, ваквата информација не е големо изненадување бидејќи ако можеме да судиме според неодамнешното EICMA шоу во Милано, производителите на мотоцикли во моментов се навистина заинтересирани за оваа категорија во авантуристичкиот сегмент.

Како што се очекуваше, TVS Apache RR 310 дебитираше во Индија со што заврши одложувањето кое траеше речиси една година.

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!