Нудејќи безбедност во динамичен спорт, двете компании стартувајќи од 26-ти март ќе започнат да ги подржуваат младите Италијански возачи, Франческо Бањаиа, Стефано Манци, Андреа Мињо и Николо Булега во нивните настапи во Moto2  и Moto3 шампионатите.

dainese and agv sign with sky racing team vr46 for 2017 1

Тимот Sky Racing VR46 ќе се врати на патеката опремен со D-air, системот на воздушни перничиња на Dianese. Користејќи електронска платформа и напреден алгоритам, овој систем може да ги детектира сите опасни ситуации и автоматски се вклучува.

„Голема чест ни е што Dianese и AGV ќе го подржат тимот Sky Racing VR46 во сезоната 2017,“ изјави Фабио Мунер, директор во групацијата Dainese. „Важно е да се осигураме дека овие возачи ќе ги користат најдобрите заштитни технологии.“

„Оваа година ги дуплиравме категориите и мотоциклите. Ги дуплиравме и нашите можности но исто така големо ни е и задоволството што ги подржуваме овие млади, италијански возачи, на кои ќе им обезбедиме техничка подршка која пак ќе им овозможи да го развијат талентот во текот на долгата сезона.“

Системот има специјални воздушни перничиња кои се наоѓаат околу телото на возачот и ги штитат вратот, рамењата и клучната коска. Заедно со ова, возачите ќе бидат опремени и со AGV Pista GP-R кацига, за која се вели дека е најдобрата кацига која некогаш била произведена.

Back To Top