Aprilia потврди дека очекува да дебитира со новите додатоци на тестот кој ќе се оддржи на Филип Ајленд оваа недела.

Aprilia има нови, подобрени крилца кои ќе ги испроба на тестот кој денеска започна на патеката Филип Ајленд во Австралија.

За време на претходниот настап во Сепанг, Алеш Еспаргаро откри дека постојат вакви додатоци, само кратко време пред Yamaha да го има првиот јавен настап со мотоциклот кој има интегрирани крилца.

PA2086649.0008

Еспаргаро нема да ги користи додатоците за време на денешниот настап во Австралија бидејќи најпрво сака да направи добра основа за подоцна да може да ги спореди резултатите.

Шпанецот оваа недела ќе има две најнови машини кои ќе ги тестира и кои повеќе или помалку ја имаат истата конфигурација како и мотоциклот што го тестираше во Сепанг.

Неговиот тимски колега, Сем Ловс, ќе продолжи да тестира со мотоциклот за сезоната 2016 но можеби пред крајот на неделата ќе го испроба и новиот мотоцикл.

Back To Top