Што правите кога шест цилиндри едноставно не ви се доволни.

Што правите кога шест цилиндри едноставно не ви се доволни. Зошто само некои луѓе да имаат среќа и да возат V8. Сите ние потајно посакуваме осум цилиндричен мотоцикл во нашите гаражи. PGMV8 е неверојатен но за да создадете мотоцикл кој ќе има 2.0 V8 мотор, 334hp и 158 lbs, треба и самиот креатор на ваквиот мотоцикл, Пол Мелоуни од Австралија, да биде малку посебен.

Сер Алан Кеткарт изјави дека PGM V8 е неверојатно практичен и одличен за возење. Не сум баш сигурен дали практичност е она што го бараме кај мотоцикл кој има 300 + коњски сили. Но сепак добро е да знаете дека со овој мотоцикл ќе можете да отидете да пазарите до продавница а потоа да притиснете силно на гаста кога ќе излезете на автопат.

PGM two liter V8 PGMV8 13 txt 1 20 08 copy

Со тежина од 241 килограм, ова не е најлесниот спортски мотоцик. Сепак, тоа не е никаков проблем кога ќе го споредите со Kawasaki Ninja H2 кој има тежина од 237 килограми и 228 коњски сили.

Секој дел од мотоциклот е опремен со врвни делови, вклучувајќи Öhlins FGRT301 вилушки како и Öhlins TTX Mk2 амортизери. Бандашите се од алуминиум и доаѓаат од Marchesini додека пак каросеријата е направена од јаглеродни влакна. Издувот е од Акраповиќ а овој мотоцикл има и импресивен TFT дисплеј.

PGM two liter V8 PGMV8 11 txt 2 2008

Напред имаме Brembo GP4 сопирачки кои се опремени со 320mm дискови. На задниот дел имаме Brembo P4. Хромираната шасија заедно со подрамката која е изработена од алуминиум имаат задача да го држат 1,996cc осум цилиндричниот мотор.

Се уште немаме информации околу неговата цена (иако постојат шпекулации дека ќе се продава по цена од 110 000 евра).

Но едно нешто е јасно а тоа е дека сигурно нема да сретнете многу вакви мотоцикли на патот.

Back To Top