Со последната осма трка која викендов се возеше на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) заврши годинешниот Балкански шампионат во брзински мотоциклизам.

Со последната осма трка која викендов се возеше на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) заврши годинешниот Балкански шампионат во брзински мотоциклизам.

На последната трка МФМ беше претставувана од тројца натпреварувачи, Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото), Сашо Николов - Тумац (МК Мотори) и Христијан Бузалковски - Бузо (МК Мотори).

cobo vtor bg

Во Плевен во конкуренција на 17 возачи Ивчески извозе фантастична трка. Тој успеа да заврши на втората позиција пред конкурентот Михаил Атанасов од Бугарија. Победник на трката беше Калојан Ангелов кој не успеа да го тргне Ивчески од третата позиција во генералниот пласман. Со прокнижаните 20 бодови во Плевен Ивчески ја потврди третата позиција во генералниот пласман на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам со вкупно 109 освоени поени.

„Одлична трка, беше тешко со оглед на тоа што сите возеа слик гуми, а јас со обични, но на крајот среќен сум што завршив на втората позиција“ - изјави Ивчески и им се заблагодари на сите блиски за досегашната поддршка.

Во истата класа настапи и нашиот возач Сашо Николов - Тумац кој за жал заради проблеми со мотоциклот не ја заврши трката. Ветеранот на македонскиот мотоциклизам возеше добра трка во која се најде на петтата позиција, а на 4 круга пред крајот се соочи со кинење на ланецот заради што мораше пред време да ја заврши трката.

14572787 1771424126467283 1935546135884588793 n

Во класата SP125 настапи Христијан Бузалковски (МК Мотори). Бузалковски стартуваше одлично но последната трка од сезоната ја заврши на четвртата позиција. Дефинитивно сезона која ќе сака да ја заборави со оглед на сите пехови кои му се случија, но од друга страна се здоби со искуство кое ќе му помогне да напредува во кариерата.

„Завршив на четвртата позиција, иако од почетокот на трката се најдов на втората позиција и ја држев истата скоро пет круга. Но поради проблемот со максималната брзина на моторот и предната гума која ме пушташе на некои места од патеката, не успеав да дојдам до место на подиумот!“ - изјави Бузалковски.

Во екипна конкуренција репрезентацијата на Македонија во бодувањето за Тим А се најде на третото место, зад Бугарија и Романија.

Балканскиот шампионат годинава дојде како замена за досегашниот Источно-Европски шампионат, а се состоеше од осум трки: три трки во Плевен (Бугарија), три во Серез (Грција) и две во Романија. Во шампионатот се појавија 173 возачи од 6 земји меѓу кои и нашите Христијан Бузалковски, Игор Спиров, Слободан Ивчески и Сашо Николов.

Back To Top