Викендов на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) се вози последната трка од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Викендов на патеката Долна Митрополија во Плевен (Бугарија) се вози последната трка од Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Македонија на оваа трка ќе биде претставена од тројца возачи, во класата SP125 ќе настапи Христијан Бузалковски - Бузо (МК Мотори), а во класата Formula 1000 ќе настапат Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото) и Сашо Николов - Тумац (МК Мотори).

Трката во Плевен е осма трка во шампионатот во кој до сега се појавија 173 возачи од 6 земји. Од почетокот до сега се возеа две трки во Плевен (Бугарија), три во Серез (Грција) и две во Романија.

Осмата и последна трка од шампинатот ќе ги разреши дилемите во класата Formula 1000 во која Ивчески во моментот се наоѓа на третата позиција со 89 поени. Во оваа класа Атанас Нејчев веќе ја освои титулата но борбата за втората и третата позиција е актуелна. Михаил Атанасов има предност на втората позиција со 101 поен, но зад него е нашиот Ивчески како и Калојан Ангелов (77 поени). Се надеваме дека Цобо ќе извози одлична трка и ќе го заврши шампионатот со пехар.

Во класата SP125 Бузалковски ќе се потруди да ја заврши сезоната на најдобар можен начин. За него ова беше сезона исполнета со пехови и проблеми, но како што вели и самиот - нема предавање. На претходната трка во Серез Бузалковски го освои третото место, се надеваме дека во најмала рака ќе го повтори успехот и ќе се врати од Плевен со пехар.

Момци среќно!

Back To Top