Младиот и талентиран Аргетим Рамадани од Кичево е на чекор до Red Bull MotoGP Rookie Cup натпреварувањето откако ја помина првата пречка и го поканија на селективно возење кое ќе се одржи од 14-16 октомври во Шпанија.
Младиот и талентиран Аргетим Рамадани од Кичево е на чекор до Red Bull MotoGP Rookie Cup натпреварувањето откако ја помина првата пречка и го поканија на селективно возење кое ќе се одржи од 14-16 октомври во Шпанија.
Red Bull MotoGP Rookies Cup е натпреварување кое се одржува веќе 8 сезони, од кои последните две сите натпреварувачи возат идентични четворотактни KTM 250cc мотори од Мото3 класата. Целта на купот е да се пронајдат младите талентирани тинејџери од целиот свет кои потоа би возеле во Гранд При трките.
Аргетим пред неколку денови беше известен дека е одбран од многуте апликанти да присуствува на селективното возење во Шпанија кое ќе се одржи во октомври. Тешкиот дел за него допрва следува, но претставува навистина одличен успех и самата селекција.
Аргетим ги импресионира сите присутни на тренинзите кои се одржуваа на патеката во Кичево, иако има само 15 години одлично ја вози својата Honda CBR600RR, а освен Хондата тој има и Aprilia RS 125 со која годинава настапи на Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во кој на крајот од сезоната го освои третото место, а истиот резултат го има и во бугарскиот шампионат.
На Аргетим му посакуваме многу успех на престојниот селективен настап, се надеваме дека ќе стане првиот Македонец кој ќе се пробие на меѓународната мото сцена и ќе имаме прилика да навиваме за него во МотоГП.