29
Сре, Мар
Корисни текстови

10 начини за малку пари да го подобрите вашиот мотоцикл

Десет начини за малку пари да го подобрите вашиот мотоцикл.

Следете нè на:

 

Десет начини за малку пари да го подобрите вашиот мотоцикл.

Исчистете го

Најдобар начин да ја вратите кармата на вашиот мотоцикл е доколку го исчистите. Употребете добар спреј, четка и црево за вода и за кратко време вашиот мотоцикл ќе биде како нов.Само кога е мотоциклот чист можете да видите дали некаде му треба поправка.

motor 1

Подмачкување

Откако мотоциклот ќе биде чист, WD40 или било кој друг силиконски спреј ќе направи огромна разлика во кондицијата на вашиот мотоцикл. Испрскајте по малку бидејќи тоа ќе му обезбеди заштита. Само внимавајте да не испрскате врз гумите или сопиракчите. WD40 помага каблите подобро да лизгаат во заштитната кошула.

38359

Кабли

Доколку мотоциклот имал претходен сопственик, големи се шансите каблите на гаста и квачилото да се заменети. Веројатно не се поврзани како што предвидел производителот и тоа може да предизвика проблеми во возењето. Од лево па надесно, не смее да има никаков отпор, не треба премногу да се истегнуваат, а исто така не смее ниту да се укочуваат. Ќе ви биде потребно малку време доколку сакате да ги наместите каблите на вистинскиот начин.

Ланец

Се додека не ви се скине ланецот при возење, не можете да ја разберете огромната енергија која се наоѓа под вашите нозе. Ланците мора да се чистат, добро да се подмачкуваат и пред се, правилно да се прилагодат. Доколку е премногу стегнат ќе го уништите менувачот и задната суспензија. Истото ќе ви се случи и доколку е премногу лабав.

labav lanec motor

Притисокот на гумите

Вреди да се потроши малку повеќе на мерач за притисок доколку сакате да го зачувате вашиот мотоцикл. Доколку подолго време не сте го возеле, тогаш би било добро да го проверите притисокот. Сигурни сме дека тој ќе биде малку намален, а тоа има големо влијание при возењето. Проверувајте го притисокот брем еднаш неделно и следете ги препораките на производителот. За време на тркачки викенд, махеничарите најмалку дваесет пати го проверуваат притисокот на гумите. Не заборавајте дека гумите се единственото нешто што ве дели од асфалтот.

ostetena guma motor

Тркалата

Ако возите мотоцикл кој е екстремно стабилен при голема брзина, изедначувањето на тркалата е особено важно. За да видите дали задното тркало се движи по истата линија како и предното, ќе ви биде потребно метро. Процесот е едноставен. Измерете го растојанието тој начин што ќе ги допирете крајниот преден и заден дел од гумата. Измерете го растојанието меѓу двете страни на предното тркало, а потоа соодветно прилагодете го и задното тркало.

Позицијата на рачките

Рачките на предната сопирачка и квачилото се од голема важност, особено ако сакате да возите опуштено и релаксирано. Но што е точно, а што е погрешно? Седнете на мотоциклот во нормална позиција и ставете ги двете раце на воланот. Исправете ги прстите и ако рачките не се премногу спуштени или пак премногу кренати, вашите прсти ќе се потпрат на нив.

udobna pozicija motor

Позицијата на педалите

Ги наместивте рачките за кочницата и за квачилото но што е со менувачот и со задната кочница? Истото важи и тука. Седнете на мотоциклот и ставете ги двете нозе на држачите. Без да се виткате, задната сопирачка би требало да ви биде веднаш под прстите.Ако треба да се наведнете за да ја притиснете, тогаш таа е премногу ниска. Прилагодувањето е лесно. Истото важи и за менувачот. Треба да можете да смените брзина без да ја менувате позицијата на седење. Бидете сигурни дека менувачот се наоѓа веднаш под вашите прсти.

pozicija menuvac motor

Гас

Вашиот живот се наоѓа во вашата десна рака и гаста ви е најважниот пријател. Не заборавајте го тоа. Кога ќе ја притиснете гаста и потоа кога ќе ја отпуштите, таа треба да се врати на првобитната позиција. Доколку не го прави тоа, тогаш веројатно имате проблем. Подмачкајте ги каблите со WD40 и проверете дали тие се беспрекорно чисти и добро подмачкани.

Рачки

Нема ништо полошо од тоа кога левата рачка на мотоциклот се врти исто толку лесно како и десната. Како можете да очекувате да имате контрола над мотоциклот кога не можете убаво да го држите. За да го поправите ова, поткренете ја малку пластиката на рачката и внатре истурете малку од средството за чистење на сопирачките. Тоа ќе ви биде доволно за да ја извадите рачката. Исчистете ја потоа убаво и повторно истурите малку од средството. Оставете да помине еден час пред повторно да ги стегнете рачките. Можете да употребите и тенка жица за подобро да ги зацврстите.  На крајот само исечете ја жицата.

racka gas motor

comments

Би можело да ве интересира

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

Иако за Јапонскиот производител тој е повеќе еволуција отколку револуција, Yamaha R6 е  одлична машина која сакаме да ја споделиме со вас денес.

Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!