Мото клубот Којоти од Скопје во недела (28.07) ќе организира возење во чест на нивниот член Али Томе, познат како Томе Охохо, чиј живот прерано згасна пред една година.

555573 3537356514744 1767420902 n

Мото клубот Којоти од Скопје во недела (28.07) ќе организира возење во чест на нивниот член Али Томе, познат како Томе Охохо, чиј живот прерано згасна пред една година.

Поаѓањето од Скопје е закажано за во недела во 9 часот од бензиската на Макпетрол на излезот од Скопје кај Сарај. Според планот ќе се вози до Кичево каде ќе се има куса пауза и по приклучувањето на членовите на МК Којоти од овој град поворката ќе продолжи кон Охрид. Крајна дестинација е црквата Св. Еразмо, каде ќе бидат запалени свеќи и ќе му се оддаде почит на Томе.

Возењето е отворено за сите пријатели и познаници на Томе и сите оние кои сакаат да му оддадат почит.

Back To Top