Мото клубот Мото Струга на 13.08.2013 (вторник) на плажата „Aqua Blue“ во Струга, по повод 5 години од формирањето на мото клубот го организира „Moto Party Struga 2013“.
МК Мото Струга во вторник ќе ја одбележи 5 годишнината од формирањето на клубот
Мото клубот Мото Струга на 13.08.2013 (вторник) на плажата „Aqua Blue“ во Струга, по повод 5 години од формирањето на мото клубот го организира „Moto Party Struga 2013“.
Поканети се сите мото клубови, соло возачи, сите љубители на мотоциклите, како и евтино пиво, одлична скара и добра rock & roll музика, но и сите љубители на добрите танчарки...
За незаборавната луда забава оваа година ќе се погрижат Бени и Нон Стоп, како и фантастичните „Betty's Boobs“.
Секако Мото Струга не би биле Мото Струга ако ги нема и прекрасните танчерки кои ќе ја вжештат атмосферата до максимум.
На плажата е обезбедено место за кампување, а времето за дефиле низ Струга ќе биде објавено во текот на следните денови.
Со бајкерски поздрав,
МК Мото Струга