Занимливости

Хибридната иднина на мотоциклите

Какво гориво треба да има? Тоа воопшто не е важно. Керозин, бензин, дизел, гориво за авион, на моторот воопшто тоа не му е важно.

Следете нè на:

 

Постои едно клише дека најдобрата технологија која ја измислил човекот секогаш е скриена од страна на владата и армијата. Се чини дека работите не се поинакви ниту во светот на мотоциклите. Запознајте го „SilentHawk“, создаден од инжинерската и научна компанија, Logos Technologies. Во суштина, тој е Alta Redshift MX, електричен мотоцикл кој развива 40 коњски сили и кој е направен во соработка со Alta Motors. Главната работа која е додадена кај овој мотоцикл е таканаречениот „gen-set range extender“ напојуван од бензин. Тоа е еден малечок мотор со водено ладење кој има големина на грејпфрут, тежина од речиси 8 килограми и кој развива околу 15 коњски сили. Во превод тоа значи дека 5.8kWh батерија на мотоциклот ќе ја наполните за 2.5 часа доколку има барем малку гориво во резервоарот.

silent hawk on white 0 1

Но какво гориво треба да има? Тоа воопшто не е важно. Керозин, бензин, дизел, гориво за авион, на моторот воопшто тоа не му е важно. Штом моторот ќе се запали, тој самиот се регулира, вели  Аксел Свил, главен инжинер во SilentHawk и додава дека мотоциклот има навистина комплициран ECU систем. Можноста моторот да може да работи на секаков вид на гориво е главно за армијата. Ѕвил вели и дека неговата ефикасност не зависи од тоа какво гориво му ставате.

Технологијата на користење мотор со внатрешно согорување единствено како генератор е веќе жива. Самиот систем е многу сличен со оној што го користи BMW кај i3 електричниот автомобил и кај кој има опција дво - цилиндричниот мотор да создава електрицитет и со тоа да ја оддржува батеријата полна.

silent hawk stealth motorcyle 1

Но за разлика од i3 кој има погон на предните тркала, SilentHawk користи еден интересен трик за да има погон на сите тркала. Користи независно предно тркало кое може да произведе до 7 коњски сили. Тоа е самостојна единица управувана одвоено од Alta моторот и задното тркало и може да се вклучи или исклучи од страна на возачот. Тој е направен и за да може да се полни комуникациската и навигациската опрема на армијата.

Уште една интересна технологија на овој мотоцикл е можноста самостојно да се полни кога е паркиран. И повторно, дизајнирана специјално за армијата со цел мотоциклот да може да се полни без да морате да го возите.

Јасно може да се види цивилната примена на овој мотоцикл. Неговата тежина од 158 килограми и можноста да поминете 270 километри со батерија која сама ќе се наполни само ако го оставите мотоциклот паркиран е навистина атрактивна опција. Да не заборавиме и дека доколку ставите малку повеќе гориво ќе можете да поминете и повеќе километри, а неговата тежина нема да се зголеми премногу. Кој знае што уште овие луѓе би можеле да чуваат во своите гаражи.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!