Занимливости

Документарен филм кој ни ја прикажува историјата на релито Париз - Дакар

Youtube ерата во која живееме им е голема корист на мото ентузијастите.

Следете нè на:

 

Најголемата платформа за видеа нуди огромен избор на материјали од тоа како да го поправите вашиот мотоцикл па се некои историски видеа. Ова ви го кажувам бидејќи неодамна најдов еден навистина интересен документарен филм посветен на првите 18 години на релито Дакар.

IMG 7693

Филмот ни ја раскажува приказната за Тиери Сабин, француски возач кој игра голема улога во историјата на самото рели. Според приказната, Тиери се загубил за време на релито од Абиџан до Ница во 1977 година. Оваа несреќа го однела французинот на една неверојатна локација за оф роуд ентузијастите, односно место каде што ќе можат да ги тестираат своите но и способностите на своите мотоцикли. До крајот на декември истата година веќе беше организирана и првата трка од Париз до Дакар.

IMG 7709

Тиери го посвети остатокот од животот во обид да го подобри настанот и да го искачи на нивото кое го има денеска. За жал, тој го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа десет години по оддржувањето на првото рели. Бројот на возачи секоја година се зголемуваше, а со тоа и бројот на спонзори кои го поддржуваат настанот. Самото рели за многу кус период стана место на кое најпознатие компании ги промовираат своите машини. Навистина беше интересно натпреварувањето помеѓу моделите на Yamaha и BMW.

Покрај тоа што ќе можете да ја видите самата еволуција на трката, исто така добар дел е посветен и на развојот на машините кои се користени на релито. На пример, суспензијата се разви за краток период пред се благодарејќи на компетитивната природа на самото рели. Целокупната технологијата која беше искористена на релито исто така се разви за многу кус период, помошните возила, опремата за снимање како и GPS локаторот. И секако, да не ги заборавиме самите мотоцикли.

20182F032FIMG 7712

80 минутниот филм одлично ги спојува пасијата на сите оние кои се дел од релито како и проблемите при логистиката, природната средина како и физичкиот напор на кој се изложени натпреварувачите. Иако повеќе сакам кога возам на автопат, сепак морам да признаам дека овој документарен филм е навистина фасцинантен.

Би можело да ве интересира

Изминатиов викенд во Берово се оддржа првата ендуро трка во организација на МК „Мото Велес“ и МФМА која се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.

Викендов на патеката Серез во Грција ќе започне македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Piaggio ги најави новите MP3 модели меѓу кои се подобрените верзии на скутерите со зафатнина од 500cc како и целосно новите 350cc верзии.

Иако ова не беше најдобро чуваната тајна, сепак денеска и официјално ни стигна потврда дека по завршувањето на сезоната 2018 од Светскиот Супербајк Шампионат ќе заврши и  соработката помеѓу Том Сајкс и Kawasaki Racing.

Уште откако за прв пат беше споменета можноста Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2 шампионатот, почнаа да се појавуваат шпекулации во однос на тоа каков ќе биде планот на Британската компанија во секторот на спортски мотоцикли.

Ова решение би можело да промени многу од проблемите со кои се соочуваат електричните превозни средства.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!