21
Чет, Сеп
Занимливости

Англиски речник принуден да ја промени дефиницијата за „моторџија“

Издавачите на речникот за Англиски јазик, Oxford University Press биле принудени да ја променат дефиницијата на зборот „моторџија“ по жалбите кои ги добиле од страна на возачите на мотори.

Следете нè на:

 

sons-malaКој и да го пишувал речникот, сигурно гледал „Sons of Anarchy“

Издавачите на речникот за Англиски јазик, Oxford University Press биле принудени да ја променат дефиницијата на зборот „моторџија“ по жалбите кои ги добиле од страна на возачите на мотори.

Претходната дефиниција за моторџија (biker) гласела: Мотоциклист,особено оној кој е член на банда, има долга коса и валкани фармерки.

Од 524 мотоциклисти анкетирани за време на подготвувањето на речникот, повеќе од три четвртини изјавиле дека преводот е погрешен, додека пак 20% изјавиле дека се навредени од тоа.

Студијата, спроведена од страна на фирмата за осигурување Bennetts, го опиша просечниот мотоциклист како: веројатно има повеќе од 35 години, средна класа, работи со IT или телекомуникации и веројатно вози Honda.

Според извештајот, само еден од десет возачи денес има долга коса.

Дефиницијата сега е променета и гласи, „Моторџија: Мотоциклист,особено оној кој е член на банда или група.“

Сепак и ова е тешка глупост бидејќи според реалната состојба, а и според 65% од анкетираните мотоциклисти, најголем дел од времето тие возат сами, не во група и уште помалку како дел од банда.

Која би била вашата дефиниција за моторџија?

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентно Роси одлучи дека ќе настапи на претстојната МотоГП трка во Арагон.

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!