WSBK

WSBK: Red Bull Honda ќе вози во чест на Ники Хејдн

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Следете нè на:

 

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн кој почина во понеделникот. Откако беше потврдена смртта на Хејдн, голем број на возачи од мотоспортот му одадоа признание на американецот.

Тимот на Red Bull Honda кој работеше со Хејдн откако тој  реши да премине од MotoGP во WSBK во 2016 година ќе настапи на трката која овој викенд ќе се оддржи во Донингтон парк во чест на својот трагично загинат возач.

PA2142056.0008

Во емоционално соопштение кое го испратија до медиумите, Роналд Тен Кате само го потврди големиот ентузијазам и пасија кој Хајден го донел во тимот.

„Ова е голем шок за мене, за тимот како и за целиот мото свет,“ изјави Тен Кате. „Имавме чест да работиме со Ники само една ипол година но го запознавме во неговото вистинско светло, онаката како што го претставија и неговите поранешни тимови. Фанатик за мотоцикли, вреден работник но пред се тој беше уникатен. Тој беше Ники.“

„Ќе ни недостига на сите нас и се надевам дека ќе им биде пример на сите идни возачи кое ќе се обидат да го постигнат сето она што го постигна Ники. Им изразуваме сочуство на неговата фамилија и на неговата вереница Џеки. Почивај во мир Ники Хејдн.“

Директорот за операции на Honda, Марко Чини, изјави дека Хејдн ќе му недостига на целиот тим.

„Се уште не ми се верува дека тој повеќе не е со нас. Тој не беше само извонреден возач туку и вистински пример за професионализам,“ изјави Чини. „Момчето од Кентаки беше вистински пример за вредностите на спортот.“

„Белегот кој го остави во мотоспортот ја покажува неговата вистинска пасија за мотоциклизмот и за тоа каква личност беше тој. Остави длабок траг кај сите мото ентузијасти.“

„Штета што работевме само осумнаесет месеци заедно. Кога го видов како се искачува на подиумот на патеката во Сепанг минатата година беше нешто навистина посебно. Исто така и подиумот во Лагуна Сека. Тој секогаш имаше дополнителен мотив кога возеше пред домашната публика. Ти благодарам за се, Ники. Засекогаш ќе се сеќаваме на тебе.“

Во чест на Хејдн и на неговата фамилија, тимот на Red Bull Honda се очекува да настапи само со Штефан Брадл на трката во Британија.

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!