23
Пон, Јан
WSBK

WSBK: Двојна 1-2 победа за Кавасаки

Возачите на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот, Том Сајкс и Лорис Баз забележаа 1-2 победа на двете трки кои викендов се возеа на патеката Донингтон во Англија.

Следете нè на:

 

080 p05 sykes action fullТом Сајкс останува на првата позиција во генералниот пласман

Возачите на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот, Том Сајкс и Лорис Баз забележаа 1-2 победа на двете трки кои викендов се возеа на патеката Донингтон во Англија.

Во првата трка на Донингтон домашниот Том Сајкс возеше неверојатна трка во која успеа од 11 позиција да се врати до втората, а по одличната борба со својот клубски колега Лорис Баз на крајот да дојде и до 17-та победа во кариерата. Во првата трка следевме одлично возење и од Алекс Ловс на Сузуки кој сосема заслужено дојде до третото место.

Резултати од првата трка:

1. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R 23 круга
2. Loris Baz FRA Kawasaki Racing ZX-10R +1.538s
3. Alex Lowes GBR Voltcom Crescent Suzuki GSX-R1000 +6.394s
4. Marco Melandri ITA Aprilia Racing RSV4 +11.875s
5. Chaz Davies GBR Ducati SBK 1199 Panigale R +14.514s
6. Jonathan Rea GBR PATA Honda CBR1000RR +14.708
7. Sylvain Guintoli FRA Aprilia Racing RSV4 +18.482s
8. Leon Haslam GBR PATA Honda CBR1000RR +29.295s
9. Toni Elias ESP Red Devils Roma Aprilia RSV4 +31.291s
10. David Salom ESP Kawasaki Racing ZX-10R +46.953 (E)
11. Niccolo Canepa ITA Althea Ducati 1199 Panigale R +47.170s (E)
12. Fabien Foret FRA MAHI Kawasaki ZX-10R +1m 02.583s (E)
13. Jeremy Guarnoni FRA MRS Kawasaki ZX-10R +1m 06.195s (E)
14. Alessandro Andreozzi ITA Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 06.195s (E)
15. Claudio Corti ITA MV Agusta RC F4RR +1m 12.643s
16. Romain Lanusse FRA Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 12.643s (E)
17. Aaron Yates USA Team Hero EBR 1190RX +1m 22.209s
18. Imre Toth HUN Team Toth BMW S1000RR +1 круг
19. Sheridan Morais RSA IRON BRAIN Kawasaki ZX-10R +2 круга(E)

039 p05 baz action fullЛорис Баз продолжува со одличните настапи за „Зелениот“ тим

Втората трка понуди возбудувања за гледачите во кои главната улога ја имаа водечката петорка во шампионатот. Ова траеше се додека Алекс Ловс и Марко Меландри не се судрија за потоа да им ја препуштат борбата на Гинтоли, Баз и Том Сајкс. Сајкс го повтори успехот од првата трка, пред својот клубски колега Лорис Баз, а овојпат на третото место финишираше Силвијан Гинтоли кој прикажа далеку подобро возење отколку во првата трка. 

Со ова Том Сајкс останува водечки во шампионатот со 185 бодови, пред Џонатан Реа со 159 исто колку што сега има и вториот возач на Кавасаки, Лорис Баз.

Резултати од втората трка:

1. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R 23 laps 
2. Loris Baz FRA Kawasaki Racing ZX-10R +3.678s 
3. Sylvain Guintoli FRA Aprilia Racing RSV4 +7.376s 
4. Davide Giugliano ITA Ducati SBK 1199 Panigale R +10.827s 
5. Chaz Davies GBR Ducati SBK 1199 Panigale R +15.140s 
6. Jonathan Rea GBR PATA Honda CBR1000RR +17.975s 
7. Leon Haslam GBR PATA Honda CBR1000RR +33.737s 
8. Toni Elias ESP Red Devils Roma Aprilia RSV4 +40.362s 
9. Alex Lowes GBR Voltcom Crescent Suzuki GSX-R1000 +41.465s 
10. David Salom ESP Kawasaki Racing ZX-10R +48.929s (E)

Следната трка се вози на 8-ми јуни на патеката Сепанг во Малезија.

 

comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!