Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Една трка ќе остане да се вози во сабота и недела а новина од следната година ќе биде тоа што во недела наутро ќе се оддржи уште една, пократка трка.

Трката, официјално наречена „Суперпол“, ќе има десет круга, а само најдобрите девет возачи ќе освојат поени. Тие ќе бидат по следниот редослед: 12/9/7/6/5/4/3/2/1. Но иако ќе бидат доделени поени и трката ќе ги одреди првите девет позиција на патеката за втората трка која ќе се оддржи во неделата, таа нема да биде вклучена во статистиката ниту пак ќе биде дел од историските податоци.

three race format 1

Со цел да се направи простор за промените, квалификацискиот циклус кој се оддржува во сабота исто така ќе претрпи промени. Во иднина ќе има само една квалификациска сесија. Како што претходно веќе објавивме, ќе има промени и во Supersport 300 серијата. Таа сега ќе има две одделни сесии поради се поголемиот број на мотоцикли на патеката. Потоа тие ќе имаат уште една борба која ќе одлучи кој возачи ќе се најдат на патеката на трката која се вози во недела.

Back To Top