WSBK

Том Сајкс го напушта Kawasaki

Иако ова не беше најдобро чуваната тајна, сепак денеска и официјално ни стигна потврда дека по завршувањето на сезоната 2018 од Светскиот Супербајк Шампионат ќе заврши и  соработката помеѓу Том Сајкс и Kawasaki Racing.

Следете нè на:

 

Вакво нешто се навестуваше веќе подолго време со оглед на нетрпеливоста која во изминативе неколку месеци Сајкс ја покажуваше кон Kawasaki. А со оглед на тоа дека KRT застана на страната на Реа и со него потпишаа нов две годишен договор, Сајкс мораше да си најде нов тим. Која ќе биде таа екипа во моментов не е познато.

WorldSBK Laguna Seca 2018 Jensen Beeler 57

Сајкс беше дел од Kawasaki Racing во изминативе осум години, а една помина и со тимот Paul Bird Kawasaki. Во тој период на тимот му донесе 34 победи, 46 пол позиции и 105 места на подиумот.

Тој успеа да стигне до титулата во Супербајк Шампионатот во 2013 година, а една година претходно, заврши на втората позиција откако за половина поен загуби од Макс Бијаџи.

„Чувствувам дека е пристигнато времето за вакво нешто. Мислам дека сега е моментот кога треба да направам промена во кариерата и да побарам нов предизвик,“ изјави Сајкс. „Доколку сакаш да победуваш на секоја трка, тогаш мораш да имаш мотивација за да притискаш на секоја трка. Мислам дека му дадов се што можам на KRT. “

„Во одлична форма сум, имам доволно искуство и знаење за да продолжам да победувам. Затоа одлучив да го напуштам проектот кој го има Kawasaki и да побарам нови цели и предизвици.“

„Сега ќе се концентрирам да завршам на подиумот и во последните четири трки. Решен сум да уживам, а со тоа што сега ја објавив мојата одлука, сакам да прекинат сите шпекулации.“

„Секогаш е тешко да се донесе ваква голема одлука, а тоа особено важи и кога ви се случува голема промена во вашиот приватен живот. Но сега откако ја објавив одлуката, чувствувам дека имам помал притисок и сигурен сум дека во 2019 година ќе возам со полн капацитет.“

Во моментов има гласини дека Британецот во сезоната 2019 ќе настапува со машина на Yamaha, иако неколку тимови се заинтересирани за неговите услуги.

Би можело да ве интересира

We, The Riders - Ние возачите, сме возачи од целиот свет. Имаме различни професии и изгледаме различно. Но имаме едно нешто кое не обединува:  Радоста додека возиме.

Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Можеби изгледа како застрашувачка визија за иднината, но роботот на Акрапович му овозможува на Словенечкиот специјалист за издуви да ги тестира своите производи на еден високо технолошки начин.

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!