Како што се засилуваат подготовките во пресрет на новата сезона, екипата на Pata Yamaha започна соработка со Motul кој ќе стане нивен официјален снабдувач со лубриканти. Разговаравме со првиот човек на тимот, Пол Денинг, кој ни откри како се одвиваат подготовките на тимот и како дојде до соработката со Motul.

Само што го претставивте 2019 YFZ-R1. Дали има големи промени во споредба со мотоциклот од минатата година?

„Како што знаете, WSBK е шампионат во кој настапуваат продукциски верзии иако тие се малку модификувани. Имате одреден лимит, освен ако не донесете целосно нова машина. Оваа година воведовме голем број на нови компоненти со цел да се подобриме. Секој дел е важен, а особено Motul.“

Motul Txt 1 25 01

Сезоната 2018 беше навистина добра за вас. Кои ви се целите за време на тестирањето и што сакате да подобрите?

„Минатата година беше навистина добра. Имавме три победи и мислам дека 14 пати се искачивме на подиумот. Но забележавме дека има одредени патеки на кои особено се мачиме и немавме никакви шанси да се најдеме на подиумот. Најмногу проблеми имавме на оние патеки кои беа со многу свиоци. Имавме слабо забрзување при излегување од свиок. Мотоциклот беше добар на правите делови но треба да се подобриме и на побавните, технички сектори.“

Кога зборуваме за подобрувањето, каков е импактот од соработката со новиот партнер за лубриканти.

„Бидејќи ова е продукциски мотоцикл, секој чекор е важен. Со нетрпение чекаме да видиме како ова ќе ги подобри перформансите на нашиот тим.“

Што значи ова партнерство за вас и за вашиот тим ?

„Motul и Yamaha долго време соработуваат и веќе имаме постигнато многу победи. Затоа и не ни требаше многу убедување. Yamaha ги употребуваше производите на Motul на некои од најважните трки. Во EWC ги користеа три години и победија на домашната трка на Honda. Лично, сите производи кои ги имам го имаат логото на Motul на нив. Мојот син вози мотокрос и единственото нешто што го ставам на неговиот мотоцикл е Motul. Плус, продаваме Motul уште од 1980 година. На персонално нив, навистина сум возбуден од ова партнерство.“

Motul Txt 2 25 01

Motul има и други производи освен масла.Дали планирате да користите и други работи, на пример некои од MC Care линијата?

„Навистина ни се допаѓаат сите нивни производи бидејќи 100 проценти се фокусирани на возачите. Земете го средство за чистење на седиштето , на пример. Тоа го чисти седиштето, но за разлика од другите вакви средства, не се намалува контактот меѓу возачот и седиштето. Од практична гледна точка, многу е поедноставно кога имате една компанија преку која можете да ги обезбедите сите потребни работи.“

Back To Top