24
Пет, Мар
Вести од светот

[фото+видео] Рок Багорош на турнеја низ Јужна Америка

2012 година беше навистина посебна за нашиот пријател Рок Багорош, егзибиционистот од тимот на КТМ кој сега вози KTM Duke 125/200 и Duke 690.

Следете нè на:

 

Rok chileРок Багорош станува стантер кој е познат во светски рамки

Ако до пред една година, Рок беше само почетник кој настапува со Duke 125, сега тој е препознатлив и како возач на KTM Duke 690, на кој рапидно го усовршува својот агресивен но сепак течен стил на возење.

2012 година беше навистина посебна за нашиот пријател Рок Багорош, егзибиционистот од тимот на КТМ кој сега вози KTM Duke 125/200 и Duke 690. Настаните постепено се наредија во последните два месеци кога ја започна „Rock on“ турнејата која почна во Јужна Америка, а заврши со настап на EICMA мото шоуто во Милано-Италија.

Интензитетот на настапи беше пеколен. Настапуваше во Мексико, Еквадор, Чиле, Гватемала, Перу, Словенија, Малезија, Германија и Италија. Турнејата траеше 10 недели, во која посети 9 земји на 3 контитенти.  Додека траеше турнејата, тој имаше можност да се сретне со голем број на негови обожаватели. Чувството беше едноставно неверојатно, изјави Багорош.

Да ги видите сите овие луѓе како го извикуваат моето име и како навиваат, бараат автограми или сакаат да се сликаат со мене, тоа ми даде неверојатна енергија и мотивација да тренирам подолго и понапорно. Понекогаш тренирам доцна навечер, на топло или на ладно време а понекогаш се околу мене е покриено со снег. Не се важни условите. Сакам само да го остварам сонот и да бидам најдобар егзибиционист во светот.  Понекогаш мислам дека сонувам, но набрзо сваќам дека ова е реално. Навистина е кул!Рок Багорош

Ако до пред една година, Рок беше само почетник кој настапува со Duke 125, сега тој е препознатлив и како возач на KTM Duke 690, на кој рапидно го усовршува својот агресивен но сепак течен стил на возење. „Сакам гледачите да се чувствуваат како да се наоѓаат на рок концерт а не на обичен мото настап. Да биде полно со адреналин и емоции“ дополни младиот каскадер.

Тука можете да го видите неговото последно видео кое е збир од најдобрите настани на турнејата во Јужна Америка каде настапуваше со Duke 200.

Рок го привлече нашето внимание во 2009-та година кога сеуште настапуваше со својот скутер. Тогаш го направивме првото интервју со него, а следната наша дружба се случи во случи во Скопје, кога настапи на Red Bull настанот заедно со маесто Крис Фајфер.

 

comments

Би можело да ве интересира

Во салонот на Динамикс во Скопје пристигнаа новите модели на Vespa и Piaggio.

Дани Педроса беше најбрзиот возач на Repsol Honda на официјалниот тест во Катар но сепак смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат.

MotoGP светскиот шампион Марк Маркез има за цел да освои место на подиумот на првата трка од новиот шампионат

Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, Јонас Фолгер, ги брои часовите до неговиот деби настап во MotoGP

Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил. 

Претставени минатата недела, новите пневматици на Continental, RoadAttack 3, се најновиот додаток на исклучително важниот спортско-туринг сектор кај пневматиците. Направени врз основа на RoadAttack 2 Evo, од компанијата тврдат дека новите пневматици се подобри на влажни услови во споредба со нивниот претходник.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!